СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА
СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА
По повод “25-ти Октомври - Европскиот ден на правдата“ што секоја година се одбележува во сите европски држави, во услови на новонастанатата состојба како последица од пандемијата предизвикана од вирусот Ковид -19, Основниот граѓански суд Скопје на 27.10.2020 година организираше on line конференција (средба), на која беа поканети сите граѓани да се вклучат и да учествуваат преку непосредно поставување на прашања со цел запознавање со работата на судот во насока на доближување на правдата до граѓаните и пошироката јавност и запознавање со нејзиното спроведување.
На средбата учествуваа судиите Кети Германова, Бојана Велковска, Ирена Костадинова-Ангелова, Ирена Петрушевска и Наталија Донева, кои одговараа на поставените прашања од страна на граѓаните кои покажаа интерес и се вклучија на средбата со што и оваа година Основниот граѓански суд Скопје учествуваше во одбележување на Европскиот ден на правдата.