ДЕМАНТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ДЕМАНТ

Risi  |  18 Pri 2019
Почитувани, ОСНОВНИОТ СУД СКОПЈЕ II СКОПЈЕ во целост ги демантира наводите во реакцијата на Македонската медиумска асоцијација (ММА) објавена од страна на медиумите Телма под наслов „Основниот суд 2 незаконски влијае на изборниот процес“, Сител под наслов „ММА: Одлуката на судот да додели отштета за 1тв е незаконска“, Канал 5 ТВ под наслов „ММА реагира до ОБСЕ, Судскиот совет и ДКСК на одлуката на Основниот суд Суд – 2 за 100.000 евра непостоечко побарување на 1тв“, Алсат – М под наслов „ММА со реакција за одлуката за Основниот суд – 2 за 1тв“ и на веб порталот А1он.мк под наслов „1ТВ од ДИК може да добие 100 илјади евра“.

 

ДЕМАНТ

 

Почитувани,

 

ОСНОВНИОТ СУД СКОПЈЕ II СКОПЈЕ во целост ги демантира наводите во реакцијата на Македонската медиумска асоцијација (ММА) објавена од страна на медиумите Телма под наслов „Основниот суд 2 незаконски влијае на изборниот процес“, Сител под наслов „ММА: Одлуката на судот да додели отштета за 1тв е незаконска“, Канал 5 ТВ под наслов „ММА реагира до ОБСЕ, Судскиот совет и ДКСК на одлуката на Основниот суд Суд – 2 за 100.000 евра непостоечко побарување на 1тв“, Алсат – М под наслов „ММА со реакција за одлуката за Основниот суд – 2 за 1тв“ и на веб порталот А1он.мк под наслов „1ТВ од ДИК може да добие 100 илјади евра“.

 

Во конкретниот случај, станува збор за времена мерка со кое Решение за времена мерка се наложува објавување на ценовник на веб страната на Државна изборна комисија. Имено, во оваа постапка не се одлучува за парично побарување, ниту се работи за постапка по тужба, а предлагачот за оправдување на времената мерка во постапка по тужба дополнително ќе го докажува износот. Судот во таа постапка ќе утврдува дали предлагачот има право на надомест на штета и колкав евентуално би бил износот на штетата. Во конкретниот случај, се работи само за предлог за издавање времена мерка, во која постапка овој суд донел решение кое се уште не е конечно и правосилно. Во моментот, предметот се наоѓа во жалбена постапка, па до одлучување пред Апелациониот суд Скопје недозволиво е да се напаѓа првостепениот суд и да се изнесуваат констатации и забелешки како во реакцијата на Македонската медиумска асоцијација (ММА). Во оваа смисла, потенцираме дека судот со Решението за времена мерка не досудува оштета, ниту пак од содржината на истото не произлегува дека е досудена штета на 1ТВ. Дали 1ТВ може да добие 100.000 евра или не, тоа може да биде предмет на друга постапка, а не во постапка водена пред овој суд за времена мерка.

 

Во овој контекст, укажуваме дека не е легислативна и јурисдикциона практика судиите да се повикуваат за нивните одлуки, како и да се бранат од критиките изнесени во јавноста. Судиите правораздаваат со одлука, применувајќи ја содржината на позитивната законска регулатива и придржувајќи се кон начелото на правдата и правната сигурност. Поради овие причини, неприфатливо е да не се бираат средства во одбраната на лични ставови и перцепции за законитоста на судските одлуки. Уставот и законот го гарантираат правото на жалба и оттука, секоја првостепена одлука може да се преиспита од страна на суд во повисока инстанца, а со тоа и нејзината законитост.

 

Со оглед на наведеното, бараме овој демант да биде објавен соодветно и на начин како што е објавена реакцијата на Македонската медиумска асоцијација (ММА).

 

Со почит,

Основниот суд Скопје II Скопје

 

   


Kërkoni aktgjykime/aktvendime

Gjykata
Numri i lëndës
Data
_