Општи податоци (надлежности и историјат) [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Општи податоци (надлежности и историјат)

Според член 32 став 4 од Законот за судови  („Службен весник на РМ“ број 58/06 од 11.05.2006 година, 35/08 од 14.03.2008 година, 150/10 од 18.11.2010 година , 83/18 од 08.05.2018 година, 198/18 од 31.10.2018 година и „Службен весник на РСМ“ број 96 од 17.05.2019 година) Основниот граѓански суд Скопје е граѓански суд со основна и проширена надлежност за подрачјето на Град Скопје, односно за подрачјето на следниве скопски општини (Центар, Карпош, Ѓорче Петров, Сарај, Кисела Вода, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Чаир, Шуто Оризари, Чучер Сандево, Сопиште, Студеничани, Зелениково, Петровец, Илинден и Арачиново).

Во согласност со цитираниот член и член 30 и член 31 од Законот за судови, како и другите важечки прописи, Основниот граѓански суд Скопје е надлежен да одлучува во прв степен во граѓански спорови и тоа:

  • за спорови во имотно-правните и други граѓанско-правни односи на физички и правни лица, чија вредност е до и над 50.000 Евра во денарска противвредност, доколку со закон не е предвидена надлежност на друг суд,
  • за спорови за утврдување и оспорување на татковство, мајчинство, утврдување на постоење на брак, за поништување на брак и развод на брак,
  • за законска издршка,
  • за чување и воспитување на деца,
  • за смеќавање на владение,
  • за доживотна издршка,
  • за надоместок на штета до и над 50.000 евра во денарска противвредност, доколку со закон не е предвидена надлежност на друг суд,
  • во постапка за обезбедување на побарување,
  • за работни спорови,
  • за спорови од наследно-правни односи,
  • за вонпарнични и оставински,
  • во трговски спорови во кои двете странки се правни лица или државни органи, како и спорови од авторски и други сродни права и права од индустриска сопственост,
  • водат судски регистар за политички партии,
  • во постапка за стечај и ликвидација,
  • во спорови за утврдување и обезбедување за присилно извршување и
  • за спорови на домашни правни и странски лица кои произлегуваат од нивните меѓусебни стопански, односно трговски односи
  • за други работи утврдени со закон.

 

Историјат
Структура на судската зграда

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести

  • С О О П Ш Т Е Н И Е

    Новости  | 15.9.2021
    С О О П Ш Т Е Н И Е Во спорот заведен од тужителот БЦМ ТРАДЕ Претпријатие за надворешна и внатрешна трговија, застапување и посредување ДОО Белград, против тужениот Друштво за производство и промет КАДИНО ИНДУСТРИ ГРУП ДООЕЛ увоз-извоз с.Кадино Илинден во текот на постапката, странката Друштво за производство и промет КАДИНО ИНДУСТРИ ГРУП ДООЕЛ увоз-извоз с.Кадино Илинден не го извести судот за промена на адресата на седиштето, во смисла на чл.140 од Законот за парничната постапка. [повеќе]
  • С О О П Ш Т Е Н И Е

    Новости  | 14.9.2021
    С О О П Ш Т Е Н И Е Во спорот заведен пред овој суд по тужбата на тужителот Друштво за производство, трговија и услуги КМ-ИНЖИЊЕРИНГ Кокан увоз-извоз ДООЕЛ Скопје, против тужениот Друштво за градежништво, производство, трговија и услуги АЛЕМА-ГАМ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, за стекнување без основ, вредност на спорот 40.000,00 денари, во текот на постапката, тужениот Друштво за градежништво, производство, трговија и услуги АЛЕМА-ГАМ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје не го извести судот за промена на адресата на седиштето, во смисла на чл.140 од Законот за парничната постапка. [повеќе]
  • С О О П Ш Т Е Н И Е

    Новости  | 09.9.2021
    С О О П Ш Т Е Н И Е Во спорот заведен од тужителот Друштво за прозиводство и трговија на големо и мало ИНТЕГРАЛ ДООЕЛ увоз-извоз Тетово, против тужените Друштво за трговија, угостителство и услуги ГРНЕ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје и Златко Степаноски од Тетово, доставата до тужениот Друштво за трговија, угостителство и услуги ГРНЕ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје на адреса од Централен регистар на РСМ два пати беше неуспешна, поради што судот согласно чл.125, чл.128 ст.1, ст.2 и ст.3 од Законот за парничната постапка, одреди доставувањето да се изврши со објава на писменото на огласна табла на судот. [повеќе]

Сите вести