31 Март – Ден на правосудството во Република Северна Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

31 Март – Ден на правосудството во Република Северна Македонија

Изјави, Новости  |  31.3.2021

          Денес се одбележува 31-ви Март, Денот на правосудството во Република Северна Македонија, во еден поинаков општествен амбиент, различен од било кој до сега. Веќе една година сите ние се бориме со пандемијата предизвикана од вирусот КОВИД-19 и како заедница сме исправени пред предизвиците од заразната болест.
          Сега, повеќе од кога и да е, потребно е сите ние да останеме совесни, свесни за општото добро и свесни за опасностите кои ги носи вирусот.
          А ние, правосудните работници, сега, повеќе од кога и да е, потребно е да останеме свесни за нашата улога и задача, како дел од правосудните органи кои се еден од столбовите на секое демократско општество. Исправени пред предизвиците, со свои сопствени сили, одржуваме функционално и ефикасно работење и сме сервис на граѓаните. Пандемијата предизвика и потреба од редефинирање и трансформирање на правосудните процеси и тоа ќе биде основа за идно, уште поефикасно, правосудство.
Затоа, благодарност до сите правосудни професионалци за досегашната служба во ова невреме, благодарност за придонесот и жртвата на секој од вас.
          Изразуваме благодарност и на здравствените работници кои секојдневно и неуморно се грижат и борат за нашето здравје, соочени со огромни предизвици. Во ова време, тие се на првата линија на нашата одбрана.
          Нека ни е честит Денот на правосудството!

                                                                                                                        Претседател на ОС Штип
                                                                                                                                Ѓорѓи Андонов

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_