Корисни информации, слободен пристап до информации од јавен карактер и интегритет [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Корисни информации, слободен пристап до информации од јавен карактер и интегритет

Сите судови според позитивните законски прописи во Република Македонија имаат период во годината во кој вработените ги користат годишните одмори кој е од 15 јули до 15 август. Во тој период не се одржуваат судења со исклучок на итни предмети.

За остварување на правата на странките се поднесуваат тужби, барања, предлози и претставки исклучиво во писмена форма во приемното одделение на судот. Не се примаат e-mail пораки, СМС пораки, усни искази и слично.

Доколку имате потреба да дојдете во судот за да остварите или заштитите некое свое право или сте повикани да дојдете во судот со судска покана потребно е да внимавате на следните работи:

  • - При влегување во судот треба да се пријавите кај судската полиција која е на влезот на судот и да почекате да ве упатат.
  • - При доаѓање во судот потребно е да носите лична карта или пасош за идентификација.
  • - Во судот е забрането влегување на странки со оружје. Доколку странката има дозвола за носење оружје, тогаш оружјето треба да го остави кај судската полиција пред да влезе во внатрешните простории на судот. При излегување од судот странката повторно си го подига оружјето од судската полиција.
  • - Во сите простории од судот е забрането пушење и пиење алкохол.
  • - Забрането е влегување со непристојна облека
  • - При влегување во судница на рочиште, странките задолжително треба да ги исклучат сопствените мобилни телефони.

За апостиле печат е потребно:

  1. Оригинал документи на кои треба да се стави апостиле печат
  2. фотокопија од документите на кои треба да се стави апостиле печат
  3. лична карта за увид
  4. фотокопија од лична карта
  5. пополнето барање за заверка со апостиле печат
  6. уплатница од 300 денари за судска такса

За поведување на оставинска постапка е потребно:

  1. Пополнето барање за поведување на оставинска постапка
  2. смртовница од покојникот
  3. документи за имот за наследување
  4. уплатница од 480 денари за судска такса
  5. документ за идентификација на барателот

Граѓаните може да поднесат барање за добивање на информации според законот за слободен пристап до информации од јавен карактер https://aspi.mk/%d0%b4%d0%be%d0%ba%d1%83%d0%bc%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b8/%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%bf%d0%b8%d1%81%d0%b8/ по пошта, на шалтер или на е-маил адреса osnsudsvn@yahoo.com. Притоа мора да го пополнат следниот образец Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер

Истотака можат и да поднесат жалба за пристап до информации од јавен карактер преку следниот образец Жалба за слободен пристап до информации од јавен карактер

 

Политика за интегритет

Овластено лице за интегритет:

Јосиф Стоилов

josif.stoilov@ossvnikole.mk

Кодекс на судиска етика

Кодекс на етика на вработените

Политика за интегритет

 

 

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести


Сите вести