Соопштение за јавност
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение за јавност
Risi
|
25 Tet 2022
25 октомври – Европски ден на граѓанската правда - отворен ден за граѓаните
С О О П Ш Т Е Н И Е
Денес во Основен суд Велес, со организирање на отворен ден за граѓаните, беше одбележан Европскиот ден на граѓанската правда – 25-ти октомври.
Во текот на отворениот ден судот го посетија ученици и професори од средните училишта во Општина Велес и претставници од медиумите.
За време на посетата учениците имаа можност непосредно да се запознаат со организацијата и работата на судот, надлежноста во остварувањето на основните граѓанските слободи и права, како и со процедурите на управување со предметите во судот чија крајна цел е владеење на правото и ефикасна правда еднакво достапна на сите граѓани.
На учениците од Средното економско училиште Јовче Тесличков од Велес им беше овозможено да присуствуваат на судење во кривична постапка, а потоа и да земат во улога на судија, судии-поротници, обвинител, оштетен, обвинет и бранител на обвинетиот во симулирано судење од областа на „убиство„ кое го водеше судијата м-р.Габриела Гајдова Заменик претседател на судот и Претседател на Кривичниот оддел.