За судиите
За судиите
За решавање на предмети од надлежноста на Основниот суд Велес постапуваат 16 судии и тоа:
Претседател
CV на Претседател
Судија Лидија Димова
Образование:
Дипломира на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје во 1983 година.
Правосуден испит положила во 1985 година.
Работно искуство:
Во период од 1983-1986 работи како приправник и стручен соработник во Основен суд на Здружен труд-Скопје, одделение Титов Велес
Во период од 1986-1989 работи како судија во Општински суд Титов Велес и постапувала по вонпарнични предмети, а во период од 1989-1996 постапувала по граѓански и работни предмети и како дежурен истражен судија.
Од 1996 до денес работи како судија и постапува по граѓански предмети и предмети од интелектуална сопственост. Повремено работи по трговски и прекршочни предмети, како член во совет од петмина во кривични предмети и во кривичен совет.
Од 2006 до денес е Претседател на Граѓанскиот оддел, член на Работното тело за управување со движење на предметите во судот, постојан предавач -едукатор на континуирана настава на судии и на почетна настава на кандидати за судии и јавни обвинители во Академијата за судии и јавни обвинители и носител на проектот за тонско снимање и електронска достава во Основниот суд Велес
Објавени трудови и активности:
Во периодот од 2001 до 2014 година била Претседател на подружница на Здружението на судии при Основен суд Велес
Од 2006 до денес има изготвени бројни презентации за континуирана обука на теми: примена на новините на Законот за парнична постапка, Законот за извршување (платни налози), привремени и претходни мерки според Законот за обезбедување на побарувањата, привремени и претходни мерки во спорови од интелектуална сопственост, примена на Законот за бесплатна правна помош, надомест на штета, штета од осигурување, штета во врска со вршење на служба, штета во врска со инвалидитет, заштита на права од интелектуална сопственост, новини во Законот за авторски и други сродни права, судска заштита при повреда од дискриминација, теми од стварно право според Законот за сопственост и други стварни права, за правна помош, меѓународно приватно право, правопис во пишувањето на судски одлуки и правоговор, техники на пишување на пресуди, како и од областа на управување со движење на предмети и други теми за континуирана обука, правна култура и пристап до правда.
Во истиот период има изготвено слични теми за почетна обука и обука на судски службеници, како и „студии на случај“ за приемен и завршен испит на кандидатите за почетна обука.
Судијата е коавтор во изготвување на објавениот „Практикум на Законот за спречување и заштита од дискриминација со примери на иницијални акти“, ангажирана од Академијата за судии и јавни обвинители во рамки на проектот „Поддршка на ефективната инфраструктура за еднаквост“, поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје
Судијата е предавач на организирани советувања од Нотарската комора и Комората на извршители на РМ и има бројни учества на тркалезни маси од областа на интелектуална сопственост и примена на Европската конвенција за човекови права во Република Македонија. Како презентер, ја претставувала организацијата на работата на Академијата за судии и јавни обвинители во Република Црна Гора во 2014 година и во Република Босна и Херцеговина во 2015 година.
Во период од 1990-2005 година учестувала како Претседател на Општински изборни комисии.
Судиите
Судија Александар Шопов
Судија Александар Шопов

Образование:
Работно искуство:
Објавени трудови и активности:
-
”Reorganization of companies in bankruptcy proceedings in the Republic of Macedonia”, напишан и објавен на англиски јазик во Зборник во издание на Правен Факултет „Јустинијан Први“ Скопје, Правни Факултет Београд и Vienna University of Economics and Business, јануари 2019 година;
-
„Разлачно право и постапување со прибелешки во стечајна постапка“ објавен во 41-вото издание на Деловно Право, ноември 2019 година;
-
„Отворени прашања и дилеми во врска со нотарските исправи со извршна клаузула, ништовност на нотарски акти и укинување на потврда на ништовност“ објавен во Нотариус бр.36, декември 2019 година;
-
„Спречување на злоупотреба на права преку побивање на должникови правни дејствија“ објавен во Зборникот на Охридската школа на правото во организација на Институтот Iuridica Prima, декември 2020 година;
-
„Претстечајна реорганизација на трговските друштва во македонскиот правен поредок“ објавен во стручното списание ПРАВНИК, бр.349, април 2021 година.
Судија Ангел Трипчев
Судија Ангел Трипчев

Образование:
Дипломира на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје во 2005 година -отсек Граѓанско право.
Во 2008 година положил правосуден и адвокатски испит
Работно искуство:
Во периодот од 2004 година до 2005 година земал учество во Изборна набљудувачка мисија на OSCE-Канцеларија за демократски институции и човекови права
Во периодот од 2005 година до 2008 година работи во адвокатска канцеларија како адвокатски приправник
Од 2008 година до 28.12.2012 година работи како адвокат.
На 28.12.2012 година е избран за судија на Основен суд Велес, каде постапува по вонпарнични и стечајни предмети.
Судија Аница Теова
Судија Аница Теова

Образование:
Во 1996 година дипломира на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Во 1999 година положила правосуден испит
Судијата има основно познавање на Англиски јазик и активно се служи со компјутерска технологија.
Работно искуство:
Во периодот од 1997 година до 1999 година работи како приправник во Основен суд Велес
Од 1999 година до 2005 година работи како стручен соработник во Основното јавно обвинителство Велес.
Во 2005 година е избрана за судија на Основен суд Велес. Како судија до 2010 година постапува по прекршочни предмети, од 2010 година до 2015 година постапува по граѓански предмети, а од 2015 година до денес работи како судија за извршување на санкции
Судија Биљана Јачева
Судија Биљана Јачева

Образование:
Дипломира на Правниот факултет во Скопје во 1990 година.
Правосуден испит положила на 19.06.1993 година.
Течно зборува Англиски јазик и активно се служи со компјутерска технологија.
Работно искуство:
Во периодот од 19.06.1991 година до 30.04.1991 година обавува пракса како судски приправник –волонтер во Основен суд Велес.
Засновала работен однос на работно место приправник во Основен суд Велес на ден 01.05.1992 година.
Во периодот од 19.06.1993 година до 18.03.2004 година работи како стручен соработник .
На 19.03.2004 година е избрана за судија на Основен суд Велес и постапувала по граѓански предмети, трговски спорови, постапки по приговор на платен налог и по приговор на решение за дозвола за извршување врз основа на веродостојна исправа, како стечаен судија и претседател на стечаен совет во стечајни предмети и ликвидации, како и член на кривичен совет. Денес постапува по трговски спорови, стечај, во постапки по приговор на решение за дозвола за извршување врз основа на веродостојна исправа и
Од изборот за судија до 2014 година била Заменик претседател на трговски оддел и Заменик претседател на граѓански оддел.
Во периодот од 2014 година заклучно со 2018 година ја извршува функцијата Заменик Претседател на Основен суд Велес.
Објавени трудови и активности:
Од страна на Управниот одбор на Академијата на судии и јавни обвинители на РМ во 2011 година назначена е за предавач на Академијата од областа на трговското право.
Како предавач на континуирана обука на Академијата за обука на судии и јавни обвинители на РМ има реализирано повеќе од 50 презентации од областа на трговското и стечајното право како и презентации од областа на граѓанското право на семинари организирани од Академијата и на работилници и тркалезни маси организирани во соработка на Академијата со Комората на стечајни управници на РМ и Здружението на правници на РМ, Стопанска комора на РМ.
Во периодот 2014/2015 и 2016/2017 година била предавач на теоретска настава на петата и шестата генерација на слушатели на почетна обука во Академијата на судии и јавни обвинители на РМ од областа на трговското право.
Како претставник на Академијата за обука на судии и јавни обвинители на тркалезна маса организирана од ЕБРД (Европска банка за обнова и развој) во Софија-Бугарија во 2013 година учествувала со презентација на тема Соочување со предизвиците во трговските спорови на земјите од југо-источна Европа.
Судијата преку Академијата за обука на судии и јавни обвинители учествувала и на:
- Во 2009 година на Тренинг програма за национални судии на тема Конкурентно право на Европската унија во Никозија Република Кипар
- Во периодот од 06-19.12.2009 година во рамки на Програмата за размена на судии преку Европска мрежа за судска обука (ЕЈТН) во Хелсинки-Финска и Талин-Естонија, обука на тема Запознавање со правосудниот систем на Финска и Естонија.
- Во рамки на Проектот “Основни принципи на зајакнување на капацитетите на правосудството-Диференцирано управување со предметите во судовите“, студиско патување во Вашингтон (USA) како член во работна група формирана од Судски совет наРепублика Македонија.
- Во 2012 година, студиска посета на национални судии во Европската патентна организација во Минхен Германија на темаПатентно право.
- Во 2013 година, конференција во Европската патентна организација во Минхен Германија на тема “Клучни одлуки на Апелациониот совет“.
- Во 2013 година, семинар за Европско конкурентно право за Национални судии во Будимпешта на тема “Ограничување на договорите, случаи, трендови и отворени прашања“ .
- во 2015 година, семинар за национални судии во Европската патентна организација во Минхен - Германија на тема “ Развој на патентното право од областа на фармацијата“.
- Тренинг програмата на тема “Управување со правдата“ организирана од Matra rule of law Training Programme во Холандија во пеиодот од 7-16 јуни 2017 г.
- Во втората мултилатерална хоспитациона програма за граѓански и трговски судии кои говорат англиски јазик која се спроведе организирана од ИРЗ, во соработка со Сојузот на германските судии и покраинските министерства за правда во периодот 10.-24.10.2017 година во Германија.
Судијата во 2013 година има објавен стручен труд во списанието “Правник“ на тема “Отворени прашања и дилеми во врска со Законот за заклучување на стечајни постапки“.
Судија Бојанчо Донев
Судија Бојанчо Донев

Образование:
Дипломира на Правниот факултет Св.Кирил и Методиј во Скопје -правосудна насока на ден 25.12.1990 година
Правосуден испит положил во 19.04.1994 година.
Работно искуство:
Во периодот од 10.06.1994 година до 20.05.2008 година работи како адвокат.
На 20.05.2008 година е избран за судија на Основен суд Велес, каде постапува по кривични и прекршочни предмети.
Судија Валентина Ѓорѓиевска
Судија Валентина Ѓорѓиевска

Образование:
Дипломира на Правен фактултет Јустинијан Први при Универзитет Кирил и Методиј во Скопје на 31.10.1990 година.
Положила правосуден испит во 2002 година.
Има познавање од руски јазик и информатичка технологија.
Работно искуство:
Во период од 1994 година до 2002 година вработена во Агрокомбинат Лозар во Велес како референт за работни односи и застапување.
Во периодот од 11.06.2004 година до 05.02.2008 година работи како адвокат.
Избрана за судија на 06.02.2008 година. До месец февруари 2009 година постапува како судија за прекршоци, а од 01.03.2009 година до денес постапува во трговски спорови, спорови по платни налози, стечај и ликвидација.
Судија Валентина Петровска
Судија Валентина Петровска

Образование:
Дипломира на Правниот факултет во Битола на 21.11.1985 година. Правосуден испит положила на 20.06.1990 година во Скопје.
Има познавање од областа на работа со компјутери. Учествувала на семинири и организирани обуки од Академијата за судии и јавни обвинители за граѓанска, стечајна и трговска област и од Министерството за правда на РМ за стечајна област.
Работно искуство:
На 16.05.1986 година вработена во Фабриката за масло Благој Ѓорев АД Велес во која до 16.05.1987 година работи како приправник, во периодот од 16.06.1987 година до 30.09.1994 година како правен референт и во периодот од 01.10.1994 година до 27.06.1996 година како референт за застапување и директор на правен сектор.
На 01.07.1996 година избрана е за судија во Основен суд Велес. Има постапувано по граѓански и вонпроцесни предмети, предмети од работен однос, како член на кривичен и стечаен совет до 31.01.2002 година. Од 01.02.2002 година постапувала по стопански, стечајни, ликвидациони и управно -сметководствени предмети и како претседател на стечаен совет и член на стечаен совет во стечајните предмети по кои постапувал стечаен совет. Од 2005 година до февруари 2008 година била одговорен судија на стопанскиот отсек во судот а од 2009 до 16.07.2012 година била претседател на трговскиот оддел во судот. Во 2012 и 2013 година била Заменик на Претседателот на Основниот суд во Велес, а со одлука на Судскиот Совет на РМ од 13.03.2014 година била именувана за Вршител на должноста Претседател на Основниот суд Велес се до 29.04.2015 година.
Судијата во моментот работи на трговски спорови, спорови од индустриска сопственост, спорови од мала вредност, предмети по платни налози и приговори по платен налог како и стечајни предмети кои се во тек до нивно завршување.
Објавени трудови и активности:
Од Академијата за судии и јавни обвинители во 2014/2015 година била определена за ментор за изведување на практична обука на кандидат за судии и јавни обвинители од областа на трговски спорови.
Судија Виолета Мојсова
Судија Виолета Мојсова

Образование:
Дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје во 1986 година.
Правосуден испит положила во 1987 година.
Има основно познавање на англиски јазик и активно се служи со компјутерска технологија.
Работно искуство:
Од 1986 до 1987 година работи како приправник во Основен суд Велес.
Од 1987 до 1988 година работи како стручен соработник во Основен суд Велес.
На 29.12.1988 година е избрана за судија на Основен суд Велес и во периодот од 1988 до 1997 година постапувала по вонпарнични предмети, а од 1997 до денес постапува по парнични предмети.
Во периодот од 2002 до 2006 година била Претседател на граѓански оддел .
Од 2006 година до 22.02.2010 година била Заменик на Претседателот на Основен суд Велес.
Од 23.02.2010 година до 07.12.2010 година била Вршител на должност Претседател на Основен суд Велес.
Од 01.01.2011 година до 31.12.2011 година била Заменик на Претседателот на Основен суд Велес.
Објавени трудови и активности:
Во периодот од 2010 година до 2014 година била член на Управниот одбор на Зружението на судии на РМ.
На ден 18 и 19.12.2010 година како член на Управниот одбор на Здружението на судии на РМ учествувала на Регионалната конференција во Белград на тема „Стандарди на судиската етика“.
Од Академијата за судии и јавни обвинители Скопје во 2014/2015 година била определена за ментор за парнична постапка и координатор за изведување на практична обука на кандидат за судии и јавни обвинители.
Судија Габриела Гајдова
Судија Габриела Гајдова

Образование:
Дипломира на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје на ден 31.10.1997 година.
На ден 19.04.2000 година положила правосуден испит.
На ден 15.03.2018 година, при Правниот факултет на УКИМ Скопје, се стекна со звање Магистер по правни науки на тема „Лекарска грешка - казнено правни аспекти“.
Од ден 21.03.2018 година поседува Help сертификат на Советот на Европа за помината обука за „Криминал од омраза и говор на омраза“.
Работно искуство:
Во перидот од 01.12.1997 година до 2001 година работно е ангажирана како волонтер во Основен суд Велес.
Од 2001-2002 година работи како стручен соработник во Основноото јавно обвинителство Велес.
Во периодот од 2002 година до 06.02.2008 година работи како стручен соработник во Основен суд Велес.
На ден 06.02.2008 година е избрана за судија на Основен суд Велес. Постапува по кривични предмети спрема полнолетни лица.
Од 2011 година Претседател на Кривичен оддел во Основен суд Велес.
Од 2014 година до 30.10.2019 година Лице овластено за односи со јавност-портпарол на Основен суд Велес.
Од 30.10.2019 година Заменик Претседател на Основен суд Велес.
Од 13.07.2017 година Член на извршен одбор на Македонско пенолошко друштво
Објавени трудови и активности:
-
Како едукатор реализирани предавања на тема „Притвор пред судење и чл.5 од ЕКЧП“, „Кривично дело Убиство“, „Кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување и Несовесно вршење на службата“, „Медијација од аспект на Законот за правда за децата“, „Главна расправа“, „Директно, вкрстено и дополнително испитување“, „Техники на пишување на пресуди“, „Лекарска грешка“, во соработка на Американската амбасада во РМ едукатор за „Напредни обуки за ЗКП – главна расправа“, во соработка со OSCE предавач на тема „Улогата на судот во текот на главната расправа“, едукатор за чл.3 од ЕКЧП,
-
во соработка и во рамки на мисијата на Американската амбасада во РМ едукатор во „Летна школа за новинари“ во период12-14-ти Април 2018 година
-
во соработка и во рамки на мисијата на Американската амбасада во РМ едукатор за „Напредни обуки за ЗКП – главна расправа“ одржани во месец Септември и месец Декември 2018 година
-
во соработка и во рамки на мисијата на Американската амбасада во РМ едукатор во обука „Вкрстено испитување“ во месец Јануари 2019 година
-
Изготвувач на прашања и студии на случај за приемен и завршен испит на кандидатите од почетната обука на Академијата за обука на судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ Скопје.
-
Во соработка со UNDP предавач на тема „Заштита на жртвите од насилство низ одредбите од ЗКП“ – Охрид, месец Јуни 2016 година
-
Предавач на Конференција „Лекарска грешка“ одржана на 13.12.2018 година на Медицинскиот факултет Скопје
HELP сертификат за завршена обука за обучувачи за ХЕЛП програмата на Совет на Европа од 3.10.2019 година 2019 година
Тутор на on line курс на Совет на Европа на тема „Образложение на кривични пресуди-адаптација на македонското казнено законодавство“ во период од 6.11.2019 година до 25.12.2019 година
Судија Дара Арсова
Судија Дара Арсова

Образование:
Дипломира на Правен Факултет Скопје при Универзитетот Св. Кирил и Методиј Скопје на 19.03.1997 година.
Правосуден испит положила на 14.04.2000 година
Стекнала звање Магистер по право од областа на финансии и финансово право при Правен Факултет – Јустинијан Први во Скопје – Универзитет СВ. Кирил и Методиј Скопје
Работно искуство:
Во периодот од 1997 година до 2000 година е ангажирана како адвокатски приправник во адвокатска канцеларија на адвокат Никола Додевски од Скопје, a во периодот од 01.07.2000 година до 03.05.2010 година вработена е како адвокат во истата адвокатска канцеларија.
Во периодот од 06.05.2010 година до 01.11.2013 година работи како адвокат во сопствена адвокатска канцеларија со седиште во Велес .
На ден 10.02.2016 година, завршува почетна обука на Акедемијата за судии и јавни обвинители во Скопје, а на 05.09.2016 година како кандидат од Академијата за судии и обвинители е избрана за судија на Основен суд Велес.
Постапува по предмети од стечај, ликвидација, трговски спорови и приговори против налози за извршување.