За судиите [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

За судиите

Именик на судии

За решавање на предмети од надлежноста на Основниот суд Виница се ангажирани 3 судии и тоа:

  • Васка Петрова - Претседател на судот;
  • Даниела Костадинова Тиловска - Заменик претседател на судот, Одговорно лице за односи со јавноста;
  • Љубчо Прокопенко - Судија;

Претседател

CV на Претседател

Судија Васка Петрова

Име и презиме:
Васка Петрова
Година на избор:
2016
Област на која работи судијата:
Граѓанска, Кривична

Образование:

Родена е на 21.12.1959 година во Виница.
Средно образование - гимназија, завршува во родното место, по што се запишува на Природно математичкиот факултет - група биологија, а потоа и на Правниот факултет - правосудна насока, при универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, на кој дипломира во 1987 година.

Правосудниот испит го положува во 1991 година.

Работно искуство:

Од 1984 до 1988 работи во сопствена приватна фирма. Во 1989 се вработува како приправник во Општинскиот суд за прекршоци во Виница, а од 1991 година како стручен соработник во истиот суд. Од 1996 до 1997 година работи како стручен соработник во Основен суд Виница, а во 1997 година е избрана за судија во Основен суд Виница. Во декември 2001 година е избрана за Претседател во Основен суд Виница и повторно  избрана на истата функција во февруари 2006 година, која ја извршува се до 22.02.2010 година. Како судија и Претседател на суд има работено на предмети од сите области, но претежно и во најголем дел на предмети од граѓанската област. По завршувањето на претседателската функција продолжува да работи како судија во истиот суд.
Избрана е за судија во Апелационен суд Штип на 10.06.2010.
За Претседател на Основниот суд Виница, како судија од  Апелационен суд Штип, е избрана на 14.07.2016 година.

Објавени трудови и активности:

.

Судиите

Судија Љубчо Прокопенко

Судија Љубчо Прокопенко

Име и презиме:
Љубчо Прокопенко
Година на избор:
2008
Област на која работи судијата:
Кривична и Граѓанска

Образование:

Основното и средното образование ги завршил во Виница. Правниот факултет во Скопје , го завршил во 1979 година. До 2008 година работел како адвокат во Виница.

Работно искуство:

Во фебруари 2008 година бил избран за судија во Основниот суд Виница. Во периодот март - мај 2010 година, ја вршел функцијата ВД Претседател на Основен суд Виница.

Објавени трудови и активности:

.

Судија Даниела Костадинова Тиловска

Судија Даниела Костадинова Тиловска

Име и презиме:
Даниела Костадинова Тиловска
Година на избор:
2008
Област на која работи судијата:
Граѓанска и Кривична

Образование:

Основното и средното образование ги завршила во Виница. Дипломирала на Правниот факултет во Скопје.

Работно искуство:

Во фебруари 2008 година била избрана за судија во Основниот суд Виница.

Објавени трудови и активности:

.

Прва<1>Последна

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести


Сите вести