Оглас за избор на претседател на ОС Крушево
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Оглас за избор на претседател на ОС Крушево
Судскиот совет на Република Македонија врз основа на член 39 и член 44 од Законот за Судскиот совет на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.60/2006, 150/2010, 100/2011, 20/2015, 61/2015 и 197/17), објавува
ОГЛАС
-
За избор на претседател на Основен суд Крушево
Заинтересираните кандидати пријавата заедно со потребната документација, во оригинал или заверена фотокопија на нотар да ги достават до Судскиот совет на Република Македонија, ул. „Македонија“ бр.5, во рок од 15 дена од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Образецот за пријава може да се подигне во електронска форма на WEB страната на Судскиот совет на Република Mакедонија на следната адреса: prijava.doc. Некомплетните документи нема да се разгледуваат.
Кандидатите кои ги исполнуваат условите полагаат психолошки тест и тест за интегритет согласно член 16 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите („Службен весник на РМ“ бр.150/2010). По однос на термините за полагање на тестовите, кандидатите ќе бидат дополнително известени од страна на Судскиот совет на РМ.
Трошоците за полагање на психолошкиoт тест и тестот за интегритет паѓаат на товар на кандидатите.
Бр. 08-561/2
29.03.2018 година
Скопје