Соопштение од 429-та седница на Судскиот совет на РСМ - 03.02.2023 година
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 429-та седница на Судскиот совет на РСМ - 03.02.2023 година
Соопштенија за јавност
|
03.2.2023
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 429-та седница одржана на ден 03.02.2023 година одлучи за:
1. Донесе одлука за престанок на судиската функција на Лидија Димчевска судија на Апелационен суд Скопје поради исполнување на услови за старосна пензија;
2. Донесе одлука со која за вршител на должност Претседател на Апелационен суд Скопје се определува Мери Дика Георгиевска, судија на Апелационен суд Скопје;
3. Расправаше за избор на Генерален секретар на Судскиот совет на Република Северна Македонија и не се донесе Одлука за избор, и истата ќе се донесе на наредна седница;
4. Разгледан е Извештајот од работна посета на Основен суд Гостивар.