Соопштение за 318-та седница на Судски совет на РСМ - 26.09.2019 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение за 318-та седница на Судски совет на РСМ - 26.09.2019 година
СООПШТЕНИЕ
Седницата ќе се одржи на ден 26.09.2019 година (четврток) со почеток во 11,00 часот во салата на Судскиот совет на Република Северна Македонија со следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
За 318-та седница на Судскиот совет на РСМ за ден 26.09.2019 година, со почеток во 11,00 часот
1.Усвојување на:
• Записник од 316-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 27.08.2019 година.
2.Донесување на Одлука за објавување на Оглас за избор на претседател на Основен суд Радовиш, Основен суд Струга и Основен суд Струмица.
3.Донесување на Одлука за објавување на Оглас за избор на 3 (тројца) судии во Врховниот суд на Република Северна Македонија и тоа за 1 (еден) судија за граѓанска област и за 2 (двајца) судии за кривична област.
4.Донесување на одлуки по поднесени барања од судии за признавање на правото за надоместок на трошоци.
5.Констатирање на престанок на судија-поротник на Основен кривичен суд - Скопје.
6.Редовно оценување на работата на претседателот на Основен кривичен суд - Скопје за 2017 и 2018 година.
7.Донесување на одлуки по поднесените барања за повторно оценување на работата на претседателите на судовите во РСМ за 2017 и 2018 година.
8.Разгледување на Извештај поднесен од Комисија за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.
9.Разгледување на известувања од комисии на известители за утврдена фактичка состојба по поднесени барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.
10.Формирање на комисии на известители по поднесени барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.
11.Разно.
Седницата под точките „6“, „7“, „8“, „9“ и „10“ од Дневниот ред не е јавна.