Соопштение - Одлука [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение - Одлука

Press realeses  |  Mar 17, 2020

СООПШТЕНИЕ

       Судскиот совет на Република Северна Македонија на 336-та седница одржана на ден 17.03.2020 година, ја донесе следната:

О Д Л У К А
За постапување на судовите во Република Северна Македонија во услови на зголемена опасност од вирусот КОВИД-19

      Претседателот на судот и судиите менаџирањето со судските предмети да го усогласат со мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија и надлежните здравствени органи.

    Должни се да ги преземат сите мерки на претпазливост, како би се намалил ризикот од инфекција со вирусот КОВИД-19 на судиите, судската служба, странките и другите учесници во постапката.

     За таа цел, пред влегувањето во судот на странките и другите учесници во постапката се должни да ги поминат сите безбедносни здравствени мерки.

    Да се контролира влегувањето во судот, како не би се создала гужва пред шалтерите, а со тоа и можност од инфекција.

     Пред и по завршувањето на расправите да се изврши дезинфекција на судниците и другите простории во судот.

     Преку соопштенија да им се укаже на странките поднесоците до судот да ги доставуваат електронски, доколку имаат технички услови за тоа.

     Уверенијата и другите судски акти до странките и надлежните органи да ги доставуваат електронски.

     Во судовите се извршуваат следните нужни работи:
- Судења во кривични предмети кога обвинетиот или дел од обвинетите се во притвор, домашен притвор или према кои е изречена некоја друга мерка за обезбедување присуство на обвинетиот во постапката;
-Кривични предмети на странките кои немаат живеалиште, односно престојувалиште во Република Северна Македонија, а се затекнати во државата;
-Кривични предмети за кои постои опасност од застарување на кривичното гонење;
-Кривични предмети за кривичните дела: „Пренесување заразна болест“ - по член 205 од КЗ, „Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ - по член 206 од КЗ, „Неукажување медицинска помош“ - по член 208 од КЗ, „Спречување службено лице во вршење службено дејство“ - по член 382 од КЗ, „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедност“ - по член 383 од КЗ, „Организирање отпор“ - по член 387 од КЗ;
-Прекршочни предмети од итна природа;
-Предмети за примена на времени мерки;
-Предмети по кои постапката е во фаза на донесување на одлука;
-Предмети во кои постои опасност од повреда на принципот на судење во разумен рок;
-Предмети кои по сила на законот се итни;
-Прием на поднесоци и други работи што се врзани со законски преклузивни рокови.

   Закажаните расправи по предметите кои не се итни се одржуваат доколку се исполнети законските услови и доколку претседателот на судот и судиите проценат дека не се со висок ризик по здравјето на судиите, судската служба, странките и другите учесници во постапката.

  Апелационите судови постапуваат по жалби по горенаведените предмети и по предмети по кои одлучуваат на нејавна седница.

  Врховниот суд на Република Северна Македонија одлучува по горенаведените предмети во рамките на својата надлежност и по предметите по кои одлучува на нејавна седница.

  Управниот суд постапува по управни спорови против управни акти кои се итни и по кои се одлучува без одржување на расправи.

  Вишиот управен суд постапува по жалби против одлуките на Управниот суд кои се итни, на нејавна седница.

 Претседателот на судот и судиите да ја разгледаат можноста за извршување на определени работи од дома (проучување на предметите и доаѓање во судот во деновите за судење, пишување на одлуките при што се користи информатичко компјутерската технологија).

  Одлуката влегува во сила од денот на нејзиното донесување.

                                                                                                                                 СУДСКИ СОВЕТ НА
                                                                                                                  РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
                                                                                                                                     Претседател
                                                                                                                                     Киро Здравев