Соопштение од 324-та седница одржана на ден 21.11.2019 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 324-та седница одржана на ден 21.11.2019 година
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 324-та седница одржана на ден 21.11.2019 година, одлучи за следното:
1.Усвоен е:
• Записник од 321-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 22.10.2019 година.
2.Донесена е Одлука за објавување на Оглас за избор на претседател на Апелационен суд Битола, Основен суд Гостивар, Основен суд Кочани и Основен суд Охрид.
3.Донесена е Одлука за објавување на Оглас за избор на судии во основните судови во РСМ, и тоа:
- 1 (еден) судија во Основен суд Берово;
- 1 (еден) судија во Основен суд Битола;
- 1 (еден) судија во Основен суд Виница;
- 1 (еден) судија во Основен суд Гостивар;
- 1 (еден) судија во Основен суд Делчево;
- 1 (еден) судија во Основен суд Кичево;
- 2 (двајца) судии во Основен суд Куманово;
- 1 (еден) судија во Основен суд Крушево;
- 1 (еден) судија во Основен суд Охрид;
- 1 (еден) судија во Основен суд Свети Николе;
- 3 (тројца) судии во Основен кривичен суд Скопје;
- 3 (тројца) судии во Основен граѓански суд Скопје;
- 1 (еден) судија во Основен суд Тетово и
- 1 (еден) судија во Основен суд Штип.
4.Разгледани и усвоени се извештаи за работата на судовите во Република Северна Македонија за III тромесечие за 2019 година и тоа за: Врховен суд на Република Северна Македонија, Виш управен суд, Управен суд, апелационо подрачје Скопје, апелационо подрачје Битола, апелационо подрачје Гостивар и апелационо подрачје Штип.
5.Формирани се комисии на известители по 5 (пет) поднесени барања за утврдување на одговорност на судија – претседател на суд.
6.Донесена е Одлука по поднесено Барање за изземање на член на Судски совет на РСМ за постапување во Комисија.