Соопштение од 268-та седница од 23.11.2017 и 24.11.2017 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 268-та седница од 23.11.2017 и 24.11.2017 година
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Македонија известува дека на 268-та седница одржана на ден 23.11.2017 и 24.11.2017 година одлучи за следното:
1. Донесени се одлуки за поведување на постапка по 3 (три) барања за утврдување на нестручно и несовесно вршење на судиската функција.
2. Донесена е Одлука со која 1 (едно) Барање за утврдување на нестручно и несовесно вршење на судиската функција се отфрли како нецелосно.
3. Донесена е Одлука со која 1 (едно) Барање за утврдување на нестручно и несовесно вршење на судиската функција се отфрли како недозволено.
4. Донесена е Одлука со која е определен известител од редот на членовите на Судски совет на Република Македонија по поднесено барање за утврдување на нестручно и несовесно вршење на судиската функција од Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија.