Судскиот совет присуствуваше на свечената церемонија на доделувањето на уверенија на кандидати за судии и јавни обвинители
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Судскиот совет присуствуваше на свечената церемонија на доделувањето на уверенија на кандидати за судии и јавни обвинители

Судскиот совет присуствуваше на свечената церемонија на доделувањето на уверенија на
кандидати за судии и јавни обвинители
Судскиот совет на Република Северна Македонија присуствуваше на свечената церемонија по повод доделувањето на уверенијата на седмата генерација завршени кандидати за судии и јавни обвинители во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.
Претседателката на Судскиот совет во своето поздравно обраќање до кандидатите за судии и јавни обвинители истакна дека верува во нивниот интегритет, знаење и вештини кои ги стекнале и ги усовршиле во текот на обуката на Академијата и дека очекува сето тоа да го имплементираат и покажат во својата работа. На кандидатите им посака успех како на професионален, така и на личен план и својата функција да ја извршуваат достоинствено, затоа што нашето општество заслужува квалитетна, неселективна и видлива правда, а граѓаните во чие име ќе ги носат одлуките тоа го очекуваат од нив, а со тоа да дадат свој придонес во судството.
Кабинет на претседателот
на Судскиот совет