Соопштение од 406-та седница на Судскиот совет на РСМ - 29.06.2022 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 406-та седница на Судскиот совет на РСМ - 29.06.2022 година

Соопштенија за јавност  |  29.6.2022

 

СООПШТЕНИЕ

Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 406-та седница одржана на ден 29.06.2022  година го измени  и дополни дневниот ред и одлучи за следното:

 

  1. Расправаше по претставките и поплаките од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите, поднесени до Судскиот совет на Република Северна Македонија и тоа:

УПП бр. 135/22, 181/22, 196/22, 203/22, 231/22;

УПП бр. 216/22, 228/22;

УПП бр. 229/22;

УПП бр. 201/22, 225/22, 236/22;

УПП бр. 210/22, 235/22;

УПП бр. 194/22, 209/22, 230/22;

УПП бр.85/22, 245/22;

Претставките со број УПП бр. 122/22, 15/22, 57/22, 144/22, 190/22, 208/22, 220/22, 62/22, 103/22, 112/22, 178/22  се одложени за наредна седница.

  1. Донесени се Одлуки за избор на судии поротници на Основен суд Дебар и Основен суд Кичево, донесени се Одлуки за престанок на функцијата судија поротник на Основен суд Кочани, Основен кривичен суд Скопје, Основен суд Крива Паланка и Основен суд Кичево;
  2. Разгледан и усвоен е Извештајот за Апелациониот суд Штип;

 

  1. Разгледани и усвоени се Извештаите за првото тромесечие за работата на судовите за 2022 година;

 

  1. Разгледана е Анализата за Законот за парнична постапка и донесен е заклучок;

 

  1. Делумно е усвоено барање за надомест на трошоци;

 

  1. Усвоено е барање за надомест на трошоци за закупнина;

 

  1. Донесен е заклучок по поднесно барање од судии поротници;

 

  1. Донесени се одлуки за престанок на судиска функција на судии поради исполнување на услови за старосна пензија и тоа:

 

-Василка Маринковиќ од Основен суд Тетово

-Лидија Илиевска од Основњн суд Тетово

-Надица Марковска од Основен суд Кратово и

-Хилда Мешкова од Основен граѓански суд Скопје;

  1. Формирани се Комисии на известители по поднесени барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и

 

  1. Времено е упатен за вршење на судиската функција судијата Дарко Ристов од Основен суд Кочани во Основен суд Берово.

- За ВД претседател на Основен суд Берово се определува Дарко Ристов, судија на Основен суд Кочани.