Соопштение за 168-та седница на Судски буџетски совет - 01.10.2021 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение за 168-та седница на Судски буџетски совет - 01.10.2021 година
Njoftim për opinionin
|
24 Sht 2021
СООПШТЕНИЕ
Судскиот буџетски совет на ден 01.10.2021 година (петок) со почеток во 10.30 часот ќе ја одржи 168-та седница со следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Записник од 167-та седница на Судски буџетски совет одржана на ден 07.09.2021 година;
- Одлука за обезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец септември 2021 година, со предлог одлука;
- Информација за постапката за набавка на сервери во судската власт;
- Информација за потреба на дополнителни средства на единките корисници на судската власт на категорија 42-Стоки и услуги;
- Одлука за пренамена на намената на средства за раздел 29010-судска власт, програма 20-Судска администрација за категорија 42-Стоки и услуги, за сметка 603/630 со предлог одлука;
- Одлука за измена и дополнителна распределба на средствата од Буџетот на судската власт за 2021 година по единки корисници од раздел 29010-Судска власт, програма 20-Судска администрација за сметка 603/630, со предлог одлука;
- Одговор на Министерството за финансии за Единствениот план за вработување во судовите за 2022 година;
- Разно.
Согласно протоколите за заштита на здравјето во услови на пандемијата предизвикана од КОВИД -19 вирусот, седницата ќе се одржи преку видео конференциска врска на ЗООМ платформа.