Соопштение од 311-та седница одржана на ден 18.06.2019 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 311-та седница одржана на ден 18.06.2019 година
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 311-та седница одржана на ден 18.06.2019 година го измени и дополни дневниот ред и одлучи за следното:
1.Усвоени се:
• Записникот од 307-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 13.05.2019 година и
• Записникот од 308-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 22.05.2019 година.
2.Донесено е решение за продолжување на мандатот на Николчо Николовски, судија на Врховен суд на РСМ и Славица Спасиќ од Основен суд Куманово врз основа на изјава за продолжување на мандатот согласно Законот за судови.
3.Номинирани се член и заменик член на Комисијата за приемен испит на Академијата за судии и јавни обвинители и тоа:
- Павле Рафајлоски - судија на ОС Гостивар – член,
- Енвер Амзаи - судија на АС Скопје - заменик член и
- Тони Делев – судија на АС Штип - заменик член.
4.Констатиран е престанок на судии-поротници на Основен кривичен суд-Скопје.
Донесена е одлука за избор на судии-поротници во Основен кривичен суд-Скопје.
Констатиран е престанок на Ангела Манеска, судија-поротник на Основен граѓански суд-Скопје, по сопствено барање.
5.Расправата по еден извештај на комисијата за утврдување на одговорност на судија е одложена.
6.Донесено е Решение за разрешување на судија, поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција.
Донесено е Решение со кое е запрена постапката за утврдување на одговорност, поради немање на основ за одговорност.
Донесена е Одлука со која едно барање за утврдување на одговорност на судија е отфрлено како ненавремено и нецелосно.
7.По едно барање за утврдување на одговорност за судија формирана е Комисија.
8.Донесен е Заклучок во врска со делегирањето на судиите, согласно новите измени на Законот за судовите.