Соопштение од 410-та седница на Судскиот совет на РСМ - 21.07.2022 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 410-та седница на Судскиот совет на РСМ - 21.07.2022 година
Press realeses
|
Jul 21, 2022
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 410-та седница одржана на ден 21.07.2022 година го измени и дополни дневниот ред и одлучи за следното:
- Донесена е Одлука за измена на Одлука за формирање на Комисија за оценување на работата на кандидати за судии и за претседатели на судови;
- Формирана е Комисија за подготвување на кандидатски листи;
- Донесена е Одлука за престанок на функцијата судии поротници на Основен суд Кавадарци и за престанок на функцијата судија поротник на Основен кривичен суд Скопје;
- Донесена е Одлука за избор на судии поротници на Основен кривичен суд Скопје;
- Донесена е Одлука со која е утврдено правото на надомест на патни трошоци за судија кој живее во една а судиската функција ја извршува во друга општина;
- Поднесените жалби и приговори се отфрлени како недозволени;
- Разгледано е Известувањето од Апелационен суд Скопје.