Соопштение од 468-та седница на Судскиот совет на РСМ - 12.12.2023 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 468-та седница на Судскиот совет на РСМ - 12.12.2023 година
Соопштенија за јавност
|
12.12.2023
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 468-та седница одржана на ден 12.12.2023 година го измени и дополни Дневниот ред и одлучи за следното:
- Донесени се Одлуки за објавување на Оглас за избор на судии:
- Врховен суд на РСМ – 6 судии, од кои 3 за граѓанска материја и 3 за кривична материја;
- Формирана е Комисија за проверка за рангирање на кандидати за избор на судии во повисок суд во состав од:
- Весна Дамева – претседател на Комисија;
- Лорета Горгиева – член на Комисија и
- м-р Ивица Николовски – член на Комисија;
- Апелационен суд Скопје – 10 судии, од кои 6 граѓанска материја и 4 кривична материја;
- Формирана е Комисија за проверка за рангирање на кандидати за избор на судии во повисок суд во состав од:
- м-р Миљазим Мустафа – претседател на Комисија;
- Мирсад Суроји – член на Комисија и
- м-р Ивица Николовски – член на Комисија;
- Апелационен суд Битола – 4 судии, од кои 3 од граѓанска материја и 1 од кривична материја;
- Формирана е Комисија за проверка за рангирање на кандидати за избор на судии во повисок суд во состав од:
- м-р Антоанета Димовска – претседател на Комисија;
- Мирсад Суроји – член на Комисија и
- Селим Адеми – член на Комисија;
- Апелационен суд Гостивар – 2 судии од граѓанска материја;
- Формирана е Комисија за проверка за рангирање на кандидати за избор на судии во повисок суд во состав од:
- Мери Радевска – претседател на Комисија;
- Лорета Горгиева – член на Комисија и
- Весна Дамева – член на Комисија;
- Апелационен суд Штип – 1 судија од граѓанска материја;
- Формирана е Комисија за проверка за рангирање на кандидати за избор на судии во повисок суд во состав од:
- м-р Селим Адеми – претседател на Комисија;
- Мирсад Суроји – член на Комисија и
- Ханиф Зендели– член на Комисија;
- Разгледан е Извештајот на Комисијата за подготовка на кандидатски листи и донесена е Одлука за објавување на Оглас за избор на 1 (еден) член на Судскиот совет на РСМ од редот на судиите од Врховниот суд на РСМ;
- Формирана е Комисија за подготовка на кандидатски листи во состав од: Мери Радевска – претседател на Комисијата, Мирсад Суроји и м-р Тања Чачарова Илиевска – членови на Комисијата;
- Донесена е Одлука за избор на Аљи Ибрахими и Зоран Димишков за судии поротници на Апелациониот суд Скопје;
- Одлучено е по барања за патни трошоци;
- Формирани се Комисии на известители по поднесени барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд и
- Номиниран е судија од Апелационен суд Штип Мирјанка Гоцевска Стефановска за член во Второстепениот дисциплински орган на Нотарската комора.