Соопштение за средба со експертска мисија од Р. Франција
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение за средба со експертска мисија од Р. Франција
Соопштенија за јавност
|
13.6.2017
На ден 12.06.2017 година, Судскиот совет на Република Македонија одржа работна средба со францускиот експерт г-а Изабел Салио, поранешен координатор за обуки во националната школа за магистранти и советник на Министерот за правда и г-дин Себастијан Ботро-Бонтер, аташе за соработка во амбасадата на Франција...
На ден 12.06.2017 година, Судскиот совет на Република Македонија одржа работна средба со францускиот експерт г-а Изабел Салио, поранешен координатор за обуки во националната школа за магистранти и советник на Министерот за правда и г-дин Себастијан Ботро-Бонтер, аташе за соработка во амбасадата на Франција.
На работната средба од страна на Судскиот совет на Република Македонија учествуаа неговите членови Александра Зафировска и Мирјанка Гоцевска Стефановска.
Во текот на работната средба беа разменети мислења и искуства во врска со Законот за Академијата на судии и јавни обвинители, како и за можноста да се имплементираат искуствата на Националната школа за магистранти во Република Франција.