Соопштение од 450-та седница на Судскиот совет на РСМ - 25.07.2023 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 450-та седница на Судскиот совет на РСМ - 25.07.2023 година

Соопштенија за јавност  |  25.7.2023

 

СООПШТЕНИЕ

 

Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 450-та седница одржана на ден 25.07.2023 година го измени и дополни Дневниот ред и одлучи за следното:

 

  1. Констатирано е повлекување од функцијата член на Судскиот совет на РСМ на Наќе Георгиев – судија на Врховниот суд на РСМ;
     
  2. Утврден е престанок на судиска функција поради исполнување на услови за старосна пензија на судија Љиљана Крстевска од Основен граѓански суд Скопје и судија Слаѓана Илиевска од Основен суд Тетово;
     
  3. Усвоен е Извештајот на Комисијата за резултатите  од спроведената проверка на знаењето на  практична работа со компјутери;
     
  4. По оглас за избор на судии објавен во „Сл.весник на РСМ“ бр.73/23 избрани се следните судии:

- за Основен суд Битола: Петар Чаловски, Елена Журовска и Горан Димовски, кандидати од Академијата за судии и јавни обвинители;

- за Основен суд Свети Николе: Драгана Илиовска, кандидат од Академијата за судии и јавни обвинители;

- за Основен суд Струмица: Катерина Тодорова - кандидат од Академијата за судии и јавни обвинители и

-за Основен суд Тетово; Бојана Тоиќ и Муса Реџеп - кандидати од Академијата за судии и јавни обвинители;

По  оглас за избор на судии објавен во „Сл.весник на РСМ“ бр.112/23 избрани се следните судии:

- за Основен суд Битола е Иван Колевски - кандидат од Академијата за судии и јавни обвинители;

- за Основен граѓански суд Скопје: Кристијан Митревски, Симона Бубевска Муцунски, Лилјана Костојчиноска, Драган Петрушевски, Маја Каталиниќ, Андреа Апостолоска Малиновска, Пајтим Машкули и Јордан Јованов - кандидати од Академијата за судии и јавни обвинители;

за Основен кривичен  суд Скопје; Марија Беговиќ, Билјана Смаќоска, Драгана Исакоска, Драган Јосифоски, Ахмед Идризи, Фросина  Стојаноска и Кирил Георгиев - кандидати од Академијата за судии и јавни обвинители;

- за Основен суд Струмица: Билјана Иванова и Костадин Ѓорѓиев - кандидати од Академијата за судии и јавни обвинители;
 

5. Донесена е Одлука за објавување на оглас за избор на судии и тоа:  2 судии за Основен суд Берово, 2 судии за Основен суд Делчево, 3 судии за Основен суд  Кичево, 1 судија за Основен суд Куманово, 2 судии за Основен суд Крушево, 2 судии за Основен суд Охрид, 6 судии за Основен суд Прилеп, 2 судии за Основен суд Радовиш, 3 судии за Основен граѓански суд Скопје, 3 судии за Основниот кривичен суд Скопје и 3 судии за Основен суд Струга.
 

6. Донесена е одлука за продолжување на постапката по поднесено барање за утврдување одговорност на судија.