Соопштение од 283-та седница одржана на ден 30.08.2018 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 283-та седница одржана на ден 30.08.2018 година
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Македонија известува дека на 283-та седница одржана на ден 30.08.2018 година усвои нов Дневен ред и одлучи за следното:
1. Усвоени се:
• Записникот од 278-та седница на Судскиот совет на Република Македонија од 30.05.2018 година, 31.05.2018 година и 4.06.2018 година и
• Записникот од 281-та седница на Судскиот совет на Република Македонија од 13.07.2018 година.
2. Донесено е Решение за престанок на функцијата на Емилија Буриќ како претседател на Основниот суд Берово и како судија на Основниот суд Штип, по сопствено барање.
3. Донесена е Одлука со која за Вршител на должност – претседател на Основен суд Берово се определува Ленка Симевска, судија на Основен суд Берово.
4. Констатиран е престанок на мандат на член на Судски совет на Република Македонија, поради исполнување на услови за старосна пензија.
5. Донесена е Одлука за избор на 10 (десет) судии-поротници на Основен суд Гостивар, по предлог на претседателот на судот.
Донесена е Одлука за избор на 2 (двајца) судии-поротници на Основен суд Гевгелија, по предлог на претседателот на судот.
6. Разгледан е Извештајот на членот известител за поднесено Барање за утврдување на одговорност на судија на Основен суд и формирана е Комисија.
7. Донесено е Решение за престанок на судиска функција на Надица Андреева, судија на Врховен суд на Република Македонија, поради исполнување на услови за старосна пензија.
Точката „6“ од Дневниот ред беше нејавна, заради заштита на угледот и интегритетот на судијата.