Соопштение од продолжение на 328-та седница на Судски совет на РСМ - 27.01.2020 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од продолжение на 328-та седница на Судски совет на РСМ - 27.01.2020 година
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на продолжението на 328-та седница на ден 27.01.2020 година, одлучи за следното:
7.Донесени се одлуки по извештаите на комисиите за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд, и тоа:
-по три барања се донесени одлуки со кои се запираат постапките;
-по едно барање е донесена одлука да се надополни извештајот на комисијата и
-по едно барање е донесена одлука со која еден судија е разрешен поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и е времено оддалечен од вршење на судиската функција.
8.Формирана е Комисија на известители по 1 (едно) поднесено барање за утврдување на одговорност на судија – претседател на суд.
9.Усвоен е Извештајот на комисијата формирана при Судскиот совет во врска со Извештајот од извршен увид во функционалноста на информатичкиот систем и надзор над примената на одредбите од Судскиот деловник во судовите доставен од страна на Министерството за правда.
10.Констатиран е престанок на судија-поротник на Основен кривичен суд - Скопје.