Соопштение од продолжение на 320-та и Соопштение од 333-та седница на Судски совет на РСМ - 10.02.2020 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од продолжение на 320-та и Соопштение од 333-та седница на Судски совет на РСМ - 10.02.2020 година

Njoftim për opinionin  |  10 Shk 2020


СООПШТЕНИЕ

              Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на продолжението на 320-та седница, одржана на ден 10.02.2020 година, одлучи за следното:

   Донесена е Одлука за избор на 6 (шест) судии, по оглас бр.08-252/2 од 7.02.2019 година, и тоа:

- Одлукa за избор на судија на Апелационен суд Скопје за кривична област на Лидија Зимбовска, судија на Основен кривичен суд Скопје.
- Одлукa за избор на судија на Апелационен суд Скопје за кривична област на Ѓоко Ристов, судија на Основен кривичен суд Скопје.
- Одлукa за избор на судија на Апелационен суд Скопје за кривична област на Јусуф Ајрулахи, судија на Основен суд Куманово.
- Одлукa за избор на судија на Апелационен суд Скопје за граѓанска област на Виолета Поповска, судија на Основен граѓански суд Скопје.
- Одлукa за избор на судија на Апелационен суд Скопје за граѓанска област на Аритон Ала, судија на Основен граѓански суд Скопје.
- Одлукa за избор на судија на Апелационен суд Скопје за стопанска-трговска област на Петранка Ташева, судија на Основен суд Струмица.

            По завршувањето на продолжението на 320-та седница, Судскиот совет на Република Северна Македонија ја одржа 333-та седница и одлучи за следното:

1.Донесена е Одлука со која е констатиран престанок на судии-поротници во Апелационен суд Скопје и Основен граѓански суд-Скопје.

2.Формирана е Комисија на известители по поднесено Барање за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.

3.Разгледан е Извештај поднесен од Комисијата на известители по поднесено Барање за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и донесена е Одлука со која судијата е разрешен од вршење на судиска функција и времено е оддалечен од вршење на судиската функција.

4.Разгледан е Извештај поднесен од Комисија за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и донесена е Одлука со која е запрена постапката за утврдување на одговорност.

5.Разгледан е Извештајот на Комисијата во повторената постапка по повод конечната пресуда на Европскиот суд за човекови права во Стразбур и донесена е Одлука со која се утврдува нестручно и несовесно вршење на судиската функција на судија.

6.Донесена е Одлука за измена и дополнување на Комисија на известители.