Соопштение од 480-та седница на Судскиот совет на РСМ - 29.02.2024 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 480-та седница на Судскиот совет на РСМ - 29.02.2024 година

Соопштенија за јавност  |  01.3.2024

                                                 

СООПШТЕНИЕ

 

Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 480-та седница одржана на ден 29.02.2024 година одлучи за следното:                                                             

 

  1. Го усвои Записникот од 476-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија одржана на ден 31.01.2024 година со продолженија од 01.02.2024 и 02.02.2024 година;
  2. Утврди престанок на судиската функција на Лидија Крстевска – судија на Основен граѓански суд Скопје и Блашка Радиноска, судија на Основен суд Охрид, поради исполнување на услови за старосна пензија;
  3. Донесе одлуки за избор на судии поротници во Основен кривичен суд Скопје и Основен суд Гевгелија, па така за судии поротници во Основен кривичен суд Скопје избрани се: Александар Здравевски, Валентина Петровска, Љиљана Касапова и Христина Илиевска, а за судии поротници во Основен суд Гевгелија избрани се: Марија Ангелова, Хана Попова Петрушева, Магдалена Стојанова и Гордана Поп Кочева;
  4. Ја усвои  Анализата за потребни судиски места во Управен суд и основните судови на апелационо подрачје Скопје, апелационо подрачје Гостивар, апелационо подрачје Битола и апелационо подрачје Штип, со што се заокружи процесот на утврдување на потребните судиски места во сите судови во Република Северна Македонија, што значи дека од страна на Судскиот совет на Република Северна Македонија изготвена е судската мрежа која е во надлежност на Советот;
  5. Усвоен е Акцискиот план  за спроведување на препораките на Европската Унија упатени до Судскиот совет на Република Северна Македонија;
  6.  Разгледани и усвоени се извештаите за четвртото тромесечие за работата на судовите во   Република Северна Македонија за 2023 година, освен за Врховниот суд на Република Северна Македонија;
  7.  Разгледани и усвоени се годишните извештаи за работата на судовите во   Република Северна Македонија за 2023 година, освен за Врховниот суд на Република Северна Македонија;
  8. Расправаше по претставките и поплаките од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите, поднесени до Судскиот совет на Република Северна Македонија и одлучи претставките УПП бр. 7/24, 33/24, 44/24, 55/24; УПП бр.  20/24, 42/24, 53/24;УПП бр. 342/23, 3/24, 26/24, 37/24, 47/24, 57/24; УПП бр. 130/23, 260/23, 276/23, 305/23, 316/23, 327/23, 340/23, 371/23; УПП бр. 306/23, 396/23, 409/23, 11/24, 17/24,50/24;УПП бр. 21/24, 43/24, 54/24, 63/24; УПП бр. 399/23, 406/23, 18/24, 40/24;УПП бр. 16/24, 27/24, 38/24, 48/24; УПП бр. 1/24, 13/24, 36/24, 51/24; УПП бр. 272/23, 354/23 се одбиваат како неосновани, а претставките УПП бр. 403/23, 22/24, 156/23 и 352/23 се основани:

Претставките УПП бр. 301/23, 9/24, 23/24 и 45/24 се повлечени поради отсуство на членот на Советот кој е известител по наведените претставки и

9.Под точка разно се разгледа барањето од Министерство за правда за номинирање на претставници во работна група за подговотвка на Реформска агенда и се заклучи да се испрати известување во кое ќе се потврди номинација на пријавените членови на Советот и

Се отвори прашањето за мандатот и одлуката за избор на Генералниот секретар на Судскиот совет на Република Северна Македонија, по што се заклучи за истото да се расправа и одлучува на наредна седница.