Соопштение од 275-та седница од 12.04.2018 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 275-та седница од 12.04.2018 година
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Македонија известува дека на 275-та седница одржана на ден 12.04.2018 година одлучи за следното:
1. Разгледани и усвоени се годишните извештаи за работата на судовите во Република Македонија за 2017 година и тоа за: Врховен суд на Република Македонија, Виш управен суд, Управен суд, апелационо подрачје Скопје, апелационо подрачје Битола, апелационо подрачје Гостивар и апелационо подрачје Штип.
2. Донесена е Одлука за времено упатување за вршење на судиска функција на судија Сузана Спасова од Основен суд Кочани во Основен суд Делчево, најдолго за период од 3 (три) месеци од денот на упатувањето.
3. Донесено е Решение за престанок на судиска функција на Виолета Тасевска, судија на Основен суд Куманово, по сопствено барање.
Донесено е Решение за престанок на судиска функција на Биљана Спиридоновска, судија на Основен суд Куманово, поради исполнување на услови за старосна пензија.
Формирана е Комисија за селекција на кандидати во врска со објавениот Јавен повик за упатување на судии за период од 1 (една) година во Европскиот суд за човекови права.
По завршувањето на 275-та седница, продолжи 273-та седница под точка „7“ од Дневниот ред на која беа разгледани прибавените материјали и извештајот од извршениот увид во функционалноста на информатичкиот систем и надзор на примената на одредбите од Судскиот деловник во судовите доставен од страна на Министерството за правда.