Соопштение од 255-та седница од 31.05.2017 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 255-та седница од 31.05.2017 година
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Македонија известува дека на 255-та седница одржана на ден 31.05.2017 година одлучи за следното:
1. Разгледани и усвоени се извештаите за работата на судовите во Република Македонија за првото тромесечие за 2017 година и тоа за: Врховниот суд на Република Македонија, Вишиот управен суд, Управниот суд, судовите на апелационото подрачје Битола, апелационото подрачје Гостивар, апелационото подрачје Скопје и апелационото подрачје Штип.
2. Донесена е Одлука за избор на судии-поротници на Основен суд Скопје 2 Скопје.
Констатиран е престанок на функција на судии-поротници во Основен суд Охрид, по предлог на претседателот на судот, поради истек на мандатот за кој се избрани.
Донесена е Одлука за избор на судии-поротници на Основен суд Охрид.
Констатиран е престанок на функција на судии-поротници во Основен суд Гостивар, по предлог на претседателот на судот, поради истек на мандатот за кој се избрани.
Донесена е Одлука за избор на судии-поротници на Основен суд Гостивар.