Соопштение од 436-та седница на Судскиот совет на РСМ - 29.03.2023 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 436-та седница на Судскиот совет на РСМ - 29.03.2023 година

Соопштенија за јавност  |  29.3.2023

 

СООПШТЕНИЕ 

Од 436-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија одржана на ден 29.03.2023 година

 

Со особено задоволство ја известуваме јавноста дека по подолг временски период по објавените огласи за избор на судии во Врховниот суд на Република Северна Македонија и Апелациониот суд Гостивар и за избор на претседател на Основен суд Тетово согласно новите критериуми за избор на судии во повисок суд и за избор на претседател на суд, по спроведеното вонредно оценување на кандидатите за судии и претседател на суд се изврши избор на судии и претседател на суд.

За судии на Врховниот суд на Република Северна Македонија за  граѓанска област  избрани се Анита Бошковска и Катерина Георгиевска - судии на Апелациониот суд Скопје.

За судии на Апелациониот суд Гостивар за кривична област избрани се  Даут Рустеми - судија на Основен суд Гостивар и Александар Милошески- судија на Основниот кривичен суд Скопје.  

За претседател на Основен суд Тетово е избран Хасан Асани-судија на Основен суд Тетово

На истата седница се одлучи и за следното:

Усвоени се:

  • Записникoт од 431-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 20.02.2023 година и
  • Записникот од 432-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 28.02.2023 година;

 

- Разгледан е  Извештајот за утврдување на бројот на слободни судиски места во основните судови во Република Северна Македонија  и донесена е Одлука за објавување на Оглас за избор на судии во основни судови во Република Северна Македонија и тоа: за избор на 3 (тројца) судии на Основен суд Битола, 2 (двајца) судии на Основен суд Крушево, 2 (двајца) судии на Основен суд Охрид, 6 (шест) судии на Основен суд Прилеп, 4 (четири) судии на Основен суд Струга; 3 (тројца) судии на Основен суд Кичево, 2 (двајца) судии на Основен суд Тетово;  1 (еден) судија на Основен суд Куманово; 2 (двајца) судии на Основен суд Берово; 2 (двајца) судии на Основен суд Делчево; 2 (двајца) судии на Основен суд  Радовиш, 1 (еден) судија на Основен суд Струмица и 1 (еден) судија на Основен суд Свети Николе;

Формирана е Комисија за рангирање на кандидатите за судии од Академијата за судии и јавни обвинители, во состав од: Мирсад Суроји-претседател на Комисијата, Лорета Горгиева, Сашко Георгиев, м-р Миљазим Мустафа и Павлина Црвенковска-членови на Комисијата;

 

- Донесена е Одлука за престанок на функцијата судија поротник на Основен суд Кочани на Митко Ќосевски, поради навршени 60 години старост;

- Донесена е Одлука за измена и дополнување на Одлука за увид и оценка на претседатели на основни судови на апелационо подрачје Штип, така што наместо „Весна Димитриевска Накова-член на Комисија, судија на Апелационен суд Штип“, да стои „Тони Делев –член на Комисија, судија на Апелационен суд Штип“.