Соопштение за 194-та седница на Судски буџетски совет - 13.02.2023 година
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение за 194-та седница на Судски буџетски совет - 13.02.2023 година
СООПШТЕНИЕ
Судскиот буџетски совет на ден 13.02.2023 година (понеделник) со почеток во 14:00 часот ќе ја одржи 194-та седница со следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
-
Усвојување на Записник од 191-та седница на Судски буџетски совет одржана на ден 23.12.2022 година, Записник од 192-та седница на Судски буџетски совет одржана на ден 16.01.2023 година и Записник од 193-та седница на Судски буџетски совет одржана на ден 24.01.2023 година;
-
Одлука за распределба на средствата од Буџетот на судската власт за 2023 година по единки корисници од раздел 29010-Судска власт, програма 20-Судска администрација, за сметка на сопствени приходи 631, со предлог одлука;
-
Одлука за усвојување на Годишна програма за капитални расходи од Буџет-Судска власт за 2023 година, со предлог одлука;
-
Одлука за спроведување групни јавни набавки во Судска власт за 2023 година, со предлог одлука;
-
Одлука за усвојување на Програма за работа на Судски буџетски совет за 2023 година, со предлог одлука;
-
Известување од Министерство за информатичко општество и администрација бр.15-588/1 од 25.01.2023 година.
-
Барање од Државно правобранителство на Република Северна Македонија за подрачје Гостивар за произнесување на Судскиот буџетски совет по повод повеќе поднесени тужби на тужители-судски службеници, вработени во ОС Тетово, против РСМ-Основен суд Тетово, за остварување права од работен однос.
-
Разно.
Седницата ќе се одржи во просториите на Судски совет на Република Северна Македонија.