Кандидатски листи за избор на членови на Советот од редот на судиите
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Кандидатски листи за избор на членови на Советот од редот на судиите
Врз основа на член 13 став 2 и 3 од Законот за Судскиoт совет на Република Македонија („Службен весник на РСМ“ број 102/2019), Комисијата за подготовка на кандидатски листи при Судскиот совет на РСМ, на седницата на Комисијата одржана на ден 11.08.2022 година, ги изготви следните кандидатски листи:
1.
ОПШТА ЛИСТА
за кандидат од Врховниот суд на
Република Северна Македонија
- Мирјана Радевска Стефкова, судија на Врховниот суд на РСМ
2.
ОПШТА ЛИСТА
за кандидат од апелационо подрачје Скопје
и од управните судови
- Нема
3.
ОПШТА ЛИСТА
за кандидат од апелационо подрачје Гостивар
- Љупчо Спироски, судија на Основен суд Тетово
Кандидатите кои не се евидентирани на кандидатските листи имаат право на приговор до Советот во рок од 48 часа од објавување на кандидатските листи, согласно член 13 став 4 од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија.