Соопштение од 342-та седница на Судски совет на РСМ - 22.06.2020 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 342-та седница на Судски совет на РСМ - 22.06.2020 година

Njoftim për opinionin  |  22 Qer 2020

СООПШТЕНИЕ

         Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 342-та седница одржана на ден 22.06.2020 година, го дополни Дневниот ред и одлучи за следното:

1. Донесени се одлуки за избор на претседател на Апелационен суд Битола,  претседател на Основен суд Охрид и претседател на Основен суд Кочани, и тоа:

•  Петре Србиновски, судија на Апелационен суд Битола е избран за претседател на Апелационен суд Битола;
•  Васил Баткоски, судија на Апелационен суд Битола е избран за претседател на Основен суд Охрид и
•  Сузана Милевска, судија на Основен суд Кочани е избрана за претседател на Основен суд Кочани.

2.Донесена е Одлука за избор на судии-поротници во Основен суд Делчево и донесена е Одлука за констатирање на престанок на судија-поротник во Основен граѓански суд - Скопје.

3.Донесена е Одлука за утврдување на правото на надомест на патни трошоци за судија.

4.Донесени се одлуки за продолжување на мандатот на судиите кои поднеле изјави за продолжување на мандатот, согласно прописите за работни односи, и тоа за:

• Зоранчо Мицевски – судија на Апелационен суд Штип;
• Ленче Делипетрова Атанасовска – судија на Основен суд Кавадарци;
• Весна Јовановска – судија на Основен суд Куманово;
• Андон Атанасов – судија на Основен суд Радовиш;
• Сулејман Мемети – судија на Основен кривичен суд Скопје;
• Ади Усеини – судија на Основен суд Струга;
• Фатмир Даути – судија на Основен суд Струга;
• Драган Ѓеровски – судија на Основен суд Тетово.

5.Формирани се комисии на известители по 3 (три) поднесени барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.