Претседателката на Судскиот совет присуствуваше на Форумот на жени од Југоисточна Европа за добро владеење и антикорупција
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Претседателката на Судскиот совет присуствуваше на Форумот на жени од Југоисточна Европа за добро владеење и антикорупција




ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА СУДСКИОТ СОВЕТ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ФОРУМОТ НА ЖЕНИ ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА ЗА ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ И АНТИКОРУПЦИЈА
Претседателката на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Весна Дамева присуствуваше на промоција на Форумот на жени од Југоисточна Европа за добро владеење и антикорупција, организирана од Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.
На организираниот настан беше потпишана Декларација од учесничките од Југоисточна Европа со цел да се создаде регионална мрежа на жени лидери кои ќе се стремат да го зајакнат лидерството на жените во општеството, преку професионален развој и меѓународно вмрежување за размена на најдобрите политики, искуства и взаемна поддршка заради градење на подобри општества.