Соопштение за 198-та седница на Судски буџетски совет - 30.03.2023 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение за 198-та седница на Судски буџетски совет - 30.03.2023 година
Соопштенија за јавност
|
28.3.2023
СООПШТЕНИЕ
Судскиот буџетски совет на ден 30.03.2023 година (четврток) со почеток во 10:00 часот ќе ја одржи 198-та седница со следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Разгледување на Одлука на Уставен суд на РСМ У.бр.113/2022 од 21 март 2023 година (‘’Службен весник на РСМ’’ бр.65 од 23.03.2023 год) и донесување заклучок за вредноста на основицата за пресметување на платите на членовите на Судски совет на РСМ и на судиите;
- Одлука за обезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец март 2023 година, со предлог одлука;
- Барање од Министерство за финансии бр.08-4346/1 од 13.03.2023 година за податоци за подготовка на Фискална стратегија за наредниот среднорочен план 2024-2028 година;
- Измена на годишен план за вработување за 2023 година за Судски совет на РСМ бр.04-525/1 од 02.03.2023 година;
- Измена на годишен план за вработување за 2023 година за Академија на судии и јавни обвинители бр.04-165/1 од 13.03.2023 година;
- Разно.
Седницата ќе се одржи во просториите на Судски совет на Република Северна Македонија.