Соопштение од 346--та седница на Судски совет на РСМ - 26.08.2020 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 346--та седница на Судски совет на РСМ - 26.08.2020 година

Press realeses  |  Aug 27, 2020

СООПШТЕНИЕ

 

Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 346-та седница одржана на ден 26.08.2020 година, со дополнет Дневен ред одлучи за следното:

 

  1. Усвоена е Функционална анализа на Судскиот совет на Република Северна Македонија.

 

  1. Усвоен е Стратешки план на Судскиот совет на Република Северна Македонија со акционен план за 2020-2022.

 

  1. Усвоен е План за стратешка комуникација на Судскиот совет на Република Северна Македонија.

 

  1. Донесена е Одлука за избор на судии поротници во Апелационен суд Битола, Основен суд Велес и Основен суд Гевгелија.

 

  1. Донесени се одлуки за продолжување на мандатот на судиите кои поднеле изјави за продолжување на мандатот, согласно прописите за работни односи, и тоа за:
  • Снежана Бајлозова – судија на Врховен суд на РСМ;
  • Киро Здравев – судија на Врховен суд на РСМ, претседател на Судски совет на РСМ;
  • Николчо Николовски – судија на Врховен суд на РСМ;
  • Драгослав Радичевски – судија на Управен суд;
  • Љупчо Савевски – судија на Основен суд Битола;
  • Лидија Андреска – судија,претседател на Основен суд Крушево;
  • Доста Лукароска – судија на Основен суд Прилеп;
  • Лидија Аризанова – судија на Основен суд Струмица;
  • Илија Стојанов – судија на Основен суд Струмица.

 

  1. Донесено е Решение за престанок на судиска функција на Лидија Кузманоска Бачевска, судија на Апелационен суд Гостивар, по сопствено барање.


    Донесено е Решение за престанок на судиска функција на Станка Кимова, судија на Основен суд Гевгелија, поради исполнување на услови за старосна пензија.

    Донесено е Решение за престанок на судиска функција на Љубинка Костадинова, судија на Основен суд Кавадарци, поради исполнување на услови за старосна пензија.

 

  1. Формирани се комисии на известители по поднесени 8 (осум) барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.

 

  1. Илија Стојанов судија на Основниот суд Струмица времено е упатен да ја извршува судиската функција во Основниот суд Берово за период од (една) година од денот на упатувањето.