Соопштение од 335-та седница на Судски совет на РСМ - 11.03.2020 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 335-та седница на Судски совет на РСМ - 11.03.2020 година

Соопштенија за јавност  |  11.3.2020

СООПШТЕНИЕ

            Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 335-та седница одржана на ден 11.03.2020 година, одлучи за следното:

1.Усвоени се:
• Записникот од 320-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 2.10.2019 година и продолжение од 10.02.2020 година;
•  Записникот од 331-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 4.02.2020 година;
•  Записникот од 332-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 7.02.2020 година.

2.Донесена е Одлука за избор на судии поротници во Основен суд Кавадарци и донесена е Одлука за констатирање на престанок на судии поротници во Основен суд Струга.

3.Разгледани и усвоени се извештаи за работата на судовите во Република Северна Македонија за IV тромесечие за 2019 година и тоа за: Врховен суд на Република Северна Македонија, Виш управен суд, Управен суд, апелационо подрачје Скопје, апелационо подрачје Битола, апелационо подрачје Гостивар и апелационо подрачје Штип.