Соопштение од 351-та седница на Судски совет на РСМ - 3.11.2020 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 351-та седница на Судски совет на РСМ - 3.11.2020 година
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 351-та седница одржана на ден 3.11.2020 година го измени и дополни дневниот ред и одлучи за следното:
1. Усвоен е:
• Записникот од 349-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 15.10.2020 година.
2. Донесена е Одлука за објавување на оглас за избор на претседател на Основен суд Гостивар.
3. За судија на Основен суд Кавадарци избрана е Ева Димитров Кузев кандидат од Академијата за судии и јавни обвинители.
4. Донесена е Одлука за објавување на оглас за избор на 2(двајца) судии во Основен суд Берово, 1(еден) судија во Основен суд Делчево, 1(еден) судија во Основен суд Виница и 1(еден) судија во Основен суд Крушево.
5. Донесени се одлуки за избор на судии поротници во Основен суд Битола и за утврдување на престанок на судија поротник на Основен суд Гостивар и Основен суд Струмица.
6. Донесени се одлуки со кое е утврдено правото на надоместок на трошоци за закупнина на стан за член на Судскиот совет на РСМ и правото на надоместок за патни трошоци за судија на Основен суд Велес кој времено е упатен да ја извршува судиската функција во Основен суд Неготино.
7. Донесени се одлуки со кои Судскиот совет на РСМ утврди дека не е надлежен да постапува по двете барања за повторување на постапката.
8. Донесена е Одлука со која се констатира престанок на судиската функција и функцијата претседател на Ленка Симевска од Основен суд Берово.
За вршител на должност претседател на Основен суд Берово е определен Илија Стојанов судија на Основен суд Струмица кој е времено упатен да ја извршува судиската функција во Основен суд Берово.
9. Усвоен е Изештајот на Комисијата за резултатите од извршената проверка на знаењето на практичната работа со компјутери на кандидатот за претседтел за Апелационен суд Гостивар.
10. Донесена е Одлука за продолжување на постапката по 1(едно) барање за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.
11. Формирани се комисии на известители по 6(шест) барања за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.
12. Разно.