Соопштение
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение
СООПШТЕНИЕ
Од 26-29 март во Дубровник, во организација на Норвешката судска администрација и UNDP, се одржа 4-та Регионална Конференција на иновативни идеи и практики за подобрување на судските перформанси во рамките на Поддршката на судските реформи за западен Балкан. На Конференцијата учествуваа претставници од Норвешка, Финска, Шветска, Северна Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово. Република Северна Македонија беше претставувана од страна на членовите на Судскиот совет на РСМ Лорета Горгиева и Мирсад Суроји.
На Конференцијата се презентира иновативни пристапи и добри практики во судската организација и работни процеси кои се применуваат за подобро менаџирање и финкционирање на судовите и судството воопшто.
Како и на преходните три конференции се разменија идеи, искуства, практики, проблеми со кои се соочуваат и начин за нивно решавање.