Соопштение од 384-та седница на Судски совет на РСМ - 13.10.2021 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 384-та седница на Судски совет на РСМ - 13.10.2021 година

Njoftim për opinionin  |  13 Tet 2021

 

Соопштение од 384-та седница на Судскиот Совет

      

На седницата одржана на 13.10.2021 година Судскиот совет, согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи („Службен весник на РСМ“ бр.151/2021) го продолжи мандатот до 30.06.2022 година на следните судии:

Лидија Мартинова, Врховен суд

Јованка Никодиновска, Апелационен суд Скопје

Станка Зафировска, Апелационен суд Скопје

Василка Маринковиќ, Основен суд Тетово

Лидија Илиевска, Основен суд Тетово

Татјана Поповска Николовска, Основен граѓански суд Скопје

Лилјана Зафировска Петреска, Основен граѓански суд Скопје

Радмила Карановиќ, Основен граѓански суд Скопје

Роса Станоеска, Основен суд Прилеп

Ордан Митрески, Основен суд Прилеп

Гетан Кадриески, Основен суд Струга

На седницата, Судскиот совет, како неосновани одби десет барања за продолжување на мандат, а едно барање беше оценето како ненавремено.

Судскиот совет утврди престанок на функцијата на судијата Лазо Ѓоргоноски од Основен суд Струга заради исполнување на условите за пензија.

Со решение на Судскиот Совет се утврди и престанок на мандатот на судии поротници. Судиите поротници од Основен кривичен суд Скопје, Билјана Димулкова, Гордана Пашовска, Роза Каранфилова, Соња Ѓорѓевиќ и Румена Михајлова мандатот им прекинува затоа што навршиле 60 години, додека на судиите поротници Валмира Aџиреџа и Снежана Котевска затоа што самите побарале.

Престанок на функцијата судија поротник поради истекот на мандатот е утврдена и за Шпреса Јусуфи, Силвана Петкоска и Драган Сиљаноски од Основен суд Кичево, како и за Лилјана Соломоновска од Основен суд Гостивар.