Соопштение од 345--та седница на Судски совет на РСМ - 20.07.2020 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 345--та седница на Судски совет на РСМ - 20.07.2020 година

Njoftim për opinionin  |  20 Kor 2020

СООПШТЕНИЕ

       Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 345-та седница одржана на ден 20.07.2020 година, со изменет и дополнет Дневен ред, одлучи за следното:

1.Донесена е Одлука за формирање на Комисија за спроведување на избор на член на Советот од редот на судиите од апелационо подрачје Битола.

2.Донесена е Одлука за заклучување на Судскиот изборен именик.

3.Донесено е Решение со кое денот на изборот на член на Советот од редот на судиите е определен за 26.08.2020 година.

4.Донесена е Одлука за продолжување на мандатот на судиите кои поднеле изјави за продолжување на мандатот, согласно прописите за работни односи, и тоа за:
• Ленче Манева, судија на Основен суд Штип.

5.Донесена е Одлука за усвојување на Извештајот на Комисијата за проверка на знаењето на практичната работа со компјутери на кандидатите за претседател на Основен суд Гостивар.

6.Донесена е Одлука со која Виолета Миладинова, судија на Основен суд Кочани е времено упатена да ја извршува судиската функција во Основен суд Делчево, за период од 6 месеци од денот на упатувањето.

  Донесена е Одлука со која Хаџо Тариќ, судија на Основен суд Битола е времено упатен да ја извршува судиската функција во Основен суд Крушево, за период од 6 месеци од денот на упатувањето.