Соопштение од 433-та седница на Судскиот совет на РСМ - 13.03.2023 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 433-та седница на Судскиот совет на РСМ - 13.03.2023 година
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 433-та седница одржана на ден 13.03.2023 година го измени и дополни дневниот ред и одлучи за следното:
1.Усвоен е Правилник за начинот на формирање на Комисија за проверка на исполнетост на условите и критериумите за избор на претседател на суд, како и начинот на работење на Комисијата;
2. Донесена е Одлука за избор на судии поротници на Апелационен суд Битола;
3. Донесена е Одлука за објавување на оглас за избор на претседатели на Основен суд Берово, Основен суд Крушево и Основен суд Прилеп.
• Формирана е Комисија за проверка на исполнетост на условите и критериумите за избор на претседатели на Основен суд Берово, Основен суд Крушево и Основен суд Прилеп;
4.Разгледан и усвоен е Извештајот од работна посета на Основен суд Куманово;
5. Разгледан и усвоен е Извештајот од работна посета на Основен суд Штип;
6. Формирани се Комисии на известители по поднесени Барања за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и
7. Утврден е престанок на функцијата судија поротник на 2(двајца) судии поротници на Основен граѓански суд Скопје, по сопствено барање.