Соопштение од 281-та седница одржана на ден 13.07.2018 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 281-та седница одржана на ден 13.07.2018 година
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Македонија известува дека на 281-та седница одржана на ден 13.07.2018 година усвои нов Дневен ред и одлучи за следното:
1. Донесена е Одлука по 5 (пет) поднесени барања за повторно оценување на кандидатите за претседатели на Апелационен суд Скопје и Основен суд Дебар и кандидатите за судии на Врховен суд на Република Македонија и Апелациониот суд Скопје, кои се вонредно оценети за 2017 година.
2. Донесена е Одлука по приговор од судија во врска со донесена Одлука за времено упатување на судија за вршење на судиската функција во друг суд за период од 1 (една) година од денот на упатувањето.
3. Донесена е Одлука по барања за мирување на судиска функција на судии.
4. Донесена е Одлука за избор на 35 (триесет и пет) судии-поротници на Основен суд Скопје 2 Скопје, по предлог на претседателот на судот.
Констатиран е престанок на функцијата судија-поротник на 7 (седум) судии поротници на Основен суд Дебар, поради истек на мандатот за кој се избрани.
Донесена е Одлука за избор на 15 (петнаесет) судии-поротници на Основен суд Дебар.
Точките „1“, „2“ и „3“ од Дневниот ред беа нејавни, заради заштита на угледот и интегритетот на судиите.