Соопштение
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение
СООПШТЕНИЕ
Скопје, 7 септември 2018 година
СУДСКИОТ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ИЗБРА НОВ ЧЛЕН
На местото на досегашниот член Беќир Шаини на кој му престанува мандатот поради исполнување на услови за старосна пензија, Судскиот совет на Република Македонија на ден 5.09.2018 година спроведе постапка за избор на нов член. Изборот се вршеше од редот на судиите припадници на сите заедници кои не се мнозинство во Република Македонија. Гласањето се спроведе во сите судови на Република Македонија.
Врз основа на сумираните резултати од гласањето, Комисијата формирана во рамките на Советот утврди дека за член на Судскиот совет на Република Македонија е избран Сашко Георгиев, судија на Основен суд Штип.
„Гласањето помина во најдобар ред и без никакви проблеми - изјави претседателот на Комисијата Владе Богданоски – член на Судскиот совет на Република Македонија.
Новоизбраниот член на Советот ќе стапи на новата функција по давањето на Свечена изјава пред Претседателот на Собранието на Република Македонија.