Соопштение од 308-та седница одржана на ден 22.05.2019 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 308-та седница одржана на ден 22.05.2019 година
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 308-та седница одржана на ден 22.05.2019 година, одлучи за следното:
1.Усвоени се:
• Записникот од 305-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 25.04.2019 година;
• Записникот од 306-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 03.05.2019 година.
2.Донесена е Одлука за усвојување на Извештајот на Комисијата за проверка на знаењето на практичната работа со компјутери на кандидатите за претседатели на судови.
3.Донесена е Одлука за измена и дополнување на Годишниот план за јавни набавки за 2019 година.
4.Донесена е Одлука за објавување на оглас за избор на претседател на Виш управен суд.
5.Лорета Горгиева, член на Судскиот совет на Република Северна Македонија е предложена за член на Комисијата за ревизија на одржаните испити во Академијата за судии и јавни обвинители.
6.Разгледан е Извештајот на Комисијата во повторената постапка по повод конечната пресуда на Европскиот суд за човекови права во Стразбур и донесена е Одлука со која е констатирано дека судија на Основен суд Скопје 1 Скопје, сега во пензија, постапила нестручно и несовесно по конкретен предмет, со што сторила повреда на член 75 став 1 алинеја 2 и 9 во врска со член 74 став 1 алинеја 2 од Законот за судовите.
7.Постапено е по 5 (пет) барања за утврдување на одговорност на судија, и тоа:
- 1 (едно) барање е повлечено од седница од страна на известителот;
- за 4 (четири) барања се формирани комисии.