Соопштение од 288-та седница одржана на ден 30.10.2018 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 288-та седница одржана на ден 30.10.2018 година
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Македонија известува дека на 288-та седница одржана на ден 30.10.2018 година, одлучи за следното:
1. Усвоен е:
-
Записникот од 287-та седница на Судскиот совет на Република Македонија од 16.10.2018 година.
2. Донесена е Одлука за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Судскиот совет на Република Македонија.
3. Усвоени се конечните ранг листи на кандидатите за судија на Вишиот управен суд и за судии на Управниот суд.
4. Донесени се одлуки за избор на судии, по одлука бр.08-997/2 од 6.07.2018 година, и тоа:
- Одлукa за избор на судија на Вишиот управен суд на Субхи Јакупи.
- Одлука за избор на 2 (двајца) судии на Управниот суд и тоа на:
- Елизабета Васкова и
- Имсале Хасани.
Седницата под точка „5“ од Дневниот ред „Расправа по претставките и поплаките од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите, поднесени до Судскиот совет на Република Македонија“ ќе продолжи на ден 31.10.2018 година со почеток во 10,00 часот.