Соопштение од 337--та седница на Судски совет на РСМ - 02.04.2020 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 337--та седница на Судски совет на РСМ - 02.04.2020 година

Соопштенија за јавност  |  02.4.2020

СООПШТЕНИЕ

 

Судскиот совет на Република Северна Македонија  одржи онлајн седница на ден 02.04.2020 година (четврток) со почеток во 10,00 часот со дел од членовите на Советот кои не беа присутни во салата за седници и одлучи за следното:

 

  1. Усвоен е Записникот од 336-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 17.03.2020 година.

 

  1. Донесена е  Одлука со која Елјеса Алији е определен за вршител на должноста претседател на  Основен суд Гостивар.

 

  1. Донесена е Одлука со која Марина Здравкова судија на Основен суд Штип е  времено упатена да ја извршува судиската функција  во Основен суд Берово, за период од 1 (една) година од денот на упатувањето.

 

  1. Донесена е  Одлука за утврдување на слободни судиски места во основните судови во Република Северна Македонија за VIII – та (осмата) генерација на кандидати за судии во Академијата за судии и јавни обвинители.

 

  1. Точката од Дневниот ред „Усвојување на Стратегијата за човечки ресурси на судската власт“ е одложена за некоја наредна седница.