Соопштение [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение

Соопштенија за јавност  |  23.12.2019
Судскиот совет на Република Северна Македонија поради зголемениот интерес на јавноста во врска со истекот на мандатот на двајца судии поротници во предметот „ТНТ кој се води пред Основниот кривичен суд Скопје ја информира јавноста за следното:

СООПШТЕНИЕ

 

Судскиот совет на Република Северна Македонија  поради зголемениот интерес на јавноста во врска со истекот на мандатот на двајца судии поротници во предметот „ТНТ кој се води пред Основниот кривичен суд Скопје ја информира јавноста за следното:

Денес во 11,02 часот од страна на претседателот на Основен кривичен суд Скопје е доставен допис со  кој бара на судиите поротници да им биде продолжен мандатот од аспект на исклучителниот јавен интерес а во правец на обезбедување на владеење на правото, но доколку Судскиот совет не одлучи за продолжување на мандатот да отпочне постапка за престанок на функцијата судија поротник.

Согласно член 80 став 1 точка 5 од Законот за судовите е предвидено дека  на судија поротник му престанува функцијата  со навршување на 60 години старост.

Согласно член 53 став 2 од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија е предвидено дека Советот престанокот со решение го констатира на првата наредна седница

Судскиот совет одржа работен состанок и имајќи ги предвид наведените законски одредби  донесе заклучок согласно кој престанок на функцијата судија поротник на наведените судии поротници во Основниот кривичен суд Скопје ќе констатира на првата наредна седница.