Претседател на Судски Совет на РСМ
Претседател на Судски Совет на РМ
Претседателот на Советот има заменик, кој го заменува во негово отсуство.
Претседателот на Советот и неговиот заменик се избираат од редот на членовите на Советот со право на глас, кои се избрани од страна на Собранието на Република Северна Македонија.
Претседателот на Советот и неговиот заменик се избираат со најмалку осум гласови од членовите со право на глас.
Мандатот на претседателот на Советот и на заменикот претседател на Советот трае две години без право на повторен избор.
Претседателот на Советот:
- го претставува Советот,
- претседава и раководи со седниците,
- учествува во работата и во одлучувањето на Советот,
- ги потпишува одлуките, предлозите, решенијата и другите акти на Советот и се грижи за нивно извршување и
- се грижи за спроведување на Деловникот на Советот и врши и други работи определени со закон и Деловникот.
Сашко Георгиев
Сашко Георгиев

Образование:
Дипломиран на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на 07.05.1997 година.
Правосудниот испит го положил во 2000 година.
Работно искуство:
Од 2001-2008 година вработен како адвокат во адвокатска канцеларија во Штип.
На 07.02.2008 година избран за судија во Основен суд Штип, каде до 2018 година работеше како судија-кривичар.
Во периодот од 2014-2016 година е член на Управен одбор на Здружение на судии на Република Македонија, по што во 2017 година е избран за претседател на Здружението на судии на подружницата во Основен суд Штип.
Од 2014 година е активен едукатор-предавач од кривична материја во Академијата за судии и обвинители на Република Македонија.
Од 2015 година е предавач во ОБСЕ на тема „Криминал од омраза“.
На ден 11.09.2018 година е избран за член на Судски совет на Република Македонија.
Статусна позиција:
Претседател на Судскиот совет на Република Северна Македонија.