СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Новости  |  24.10.2021
Тужбата на тужителот ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“ УРП.бр.40/21

 

УПРАВНИОТ СУД во совет составен од судиите: м-р Тања Терзиева - претседател на советот, Газменд Фејзуљи и Елизабета Васкова - членови на советот, со записничар Мирјанка Тренчевска - судски советник, решавајќи по тужбата на тужителот ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција  „Обнова на Македонија“ преку овластен претставник Ѓорѓија Сајкоски од Кичево, изјавена против одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата бр.12-4017/7 од 21.10.2021 година, на јавна усна расправа одржана на ден 23.10.2021 година, во присуство на полномошникот на тужителот, Кирил Ковчегарски адвокат од Скопје со овластување бр.02-244/1 од 22.10.2021 година и овластен претставник на тужениот орган Владимир Ѓорѓиев, член на Државната комисија за спречување на корупција со овластување бр.12-4017/11 од 22.10.2021 година, согласно член 58 и член 59 од Законот за управните спорови и член 33 став 6 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, ја донесе и јавно објави следната:

 

П Р Е С У Д A

 

Тужбата на тужителот ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“, изјавена против одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата бр.12-4017/7 од 21.10.2021 година, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.

 

Донесената одлука во целост e публикувана во модулот "Одлуки" но истата достапна за јавноста ќе биде по ажурирање во текот на денот

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_