СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Новости  |  22.3.2024
УПРАВНИОТ СУД во совет составен од судиите: Лидија Ивановска како претседател на советот,д-р Едита Насковска и Газменд Фејзуљи,членови на советот, со записничар Биљана Димовска, помлад судски соработник, одлучувајќи по тужба на тужителот Елица Атанасовска Стојаноска од Скопје со адреса Мијачка број 19 со привремен престој во Франција, Париз, без адреса, изјавена против решението бр. УП1 12-313 од 20.03.2024 година на тужен орган РСМ Државна изборна комисија на Република Северна Македонија, за запишување во Посебниот извод од Избирачкиот список за гласање во Дипломатско конзуларно претставништво во Париз, Франција број 313, вон јавна расправа, на ден 22.03.2024 година, согласно со член 51 став 3 од Изборниот законик, едногласно донесе пресуда Урп.бр.63/2024 со која
 
 
УПРАВНИОТ СУД во совет составен од судиите: Лидија Ивановска како претседател на советот,д-р Едита Насковска и Газменд Фејзуљи,членови на советот, со записничар Биљана Димовска, помлад судски соработник, одлучувајќи по  тужба на тужителот Елица Атанасовска Стојаноска од Скопје  со адреса Мијачка број 19 со привремен престој во Франција, Париз, без адреса, изјавена против решението бр. УП1 12-313 од 20.03.2024 година на тужен орган РСМ Државна изборна комисија на Република Северна Македонија, за запишување во Посебниот извод од Избирачкиот список за гласање во Дипломатско конзуларно претставништво во Париз, Франција број 313, вон јавна расправа, на ден 22.03.2024 година, согласно со член 51  став 3 од Изборниот законик, едногласно донесе пресуда со која:
 
    Тужбата на тужителот Елица Атанасовска Стојаноска од Скопје, СЕ УВАЖУВА.
 
    Решението на тужен РСМ Државната изборна комисија на Република Северна Македонија Бр. УП1 12-313 од 20.03.2024  година, СЕ ПОНИШТУВА. 
 
    Се задолжува тужен орган РСМ Државната изборна комисија на Република Северна Македонија да донесе нов управен акт во рок од 24 часа по приемот на ова решение.

 

 

Донесената одлука во целост ќе биде објавена најдоцна наредниот ден од денот на објавување на ова соопштение, во модулот “Одлуки” на веб страната на судот.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_